Трново (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трново
Πράσινο
Трново is located in Грција
Трново
Трново
Местоположба во областа
Трново is located in Преспа (општина)
Трново
Местоположба на Трново во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°43.29′N 21°11.50′E / 40.72150° N; 21.19167° E / 40.72150; 21.19167Координати: 40°43.29′N 21°11.50′E / 40.72150° N; 21.19167° E / 40.72150; 21.19167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&10000000000000980000000980 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно21
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Трново (Трнаа или Трнава; грчки: Πράσινο, Прасино; до 1955 г. Τίρνοβο, Тирново[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 21 жител (2011) — сите Македонци.[3]

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Корешта, 34 км југозападно од Лерин и исто толку северно од Костур. Лежи крај Рулска Река, во подножјата на разграноците на Бигла наречени Мокро и Лисец.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото за првпат се среќава во османлиски дефтер од 1530 г. под името Трнова со 18 семејства.[4] На крајот на XIX век Трново било македонско село во Костурската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трново (Trnovo) било село во Костурската каза со 89 домаќинства и 260 жители Македонци.[5][6] Между 1896-1900 година селото преминава под върховенството на Бугарската егзархија[7].

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во XIX век.[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трново имало 395 жители Македонци.[5][9] На почетокот на XX век речиси целото население потпаднало по Цариградската патријаршија, а по Илинденското востание во 1904 г. селото преминало под црховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трново имало 544 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[5][11] Според Георги Константинов Бистрицки Трново пред Првата балканска војна имало 100 македонски куќи.[5][12]

Трново пострадало од грчката вооружена пропаганда. Во мај 1905 г. Коте Христов, кој преминал на грчка страна, жестоко го претепал селскиот учител Ѓорѓи Рајков,[13] а самото село преживеало и други андартски напади, во кои се изгорени сите книги на бугарски.[14] Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Трново имало 11 куќи со вкупно 109 жители.[15]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни селото е припоено кон Грција во 1913 г. согласно Букурешкиот договор, кога броело 504 жители.[3] Во 1927 г. е преименувано во Прасино, што значи „зелено“.[16] Во 1928 г. во Трново се попишани 404 жители.[3]

На пописот од 1940 г. селото имало 376 жители; во периодот меѓу Балканските војни и Втората светска војна од Трново се иселиле преку 100 семејства, претежно во прекуокеанските земји и Бугарија. Населението настрадало и во Грчката граѓанска војна, поради што многумина се отселиле во Р. Македонија и источноевропските земји.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 376 128 117 53 21 24 14 21
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото важи за сиромашно. Населението се занимава со сточарство и земјоделство.[3]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Трново
  • Антон Јамовски (1928 – 1949) — комунистички деец[17]
  • Ѓорѓи Рајков (1864 – ?) — просветен и револуционерен деец
  • Јоанис Калицас (Ιωάννης Καλίτσας) — андартски деец
  • Лазо (Λάζος) — андартски деец
  • Пандо Стериов (? – 1906), деец на МРО, осуден на смрт во 1906 г. за убиство на војник[18]
  • Тодор Адамов (Θεόδωρος Αδάμ) — андартски деец, четник на Каравитис
  • Фоте (Φώτης) — андартски деец
Починати во Трново
  • Лазар Поп-Трајков (1878 – 1903) — револуционер
  • Евстатиос (Статис) Лихадиотис (? – 1905) — андартски капетан

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τύρνοβον - Πράσινον
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 177.
  4. Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim]Ankara, 2006, стр. 114
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  7. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр.1
  8. „Πολιτιστικά μνημεία“. Ο υγρότοπος των Πρεσπών. Посетено на 10 јануари 2015.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  10. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.
  11. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  12. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.
  13. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 206. Силјанов погрешно вели дека Рајков бил претепан до смрт.
  14. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 210-211.
  15. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.212.
  16. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
  17. Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009
  18. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 155.