Прејди на содржината

Три (филм од 1965)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Три“филм на режисерот Александар Петровиќ од 1965 година. Главните улоги ги играат: Велимир Бата Живоиновиќ, Слободан Перовиќ, Сенка Велентанлиќ, Воја Мириќ и Коле Ангеловски. Филмот, кој припаѓа на „црниот бран“ во југословенската кинематографија, е снимен според збирката раскази „Папрат и оган“ на Антоније Исаковиќ, кој е автор и на сценариото.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во април 1941 година, Третиот Рајх го напаѓа Кралството Југославија. Додека се распаѓа југословенската војска, голема група луѓе чекаат да дојде возот на една мала железничка станица. Меѓу нив е и студентот Милош Бојаниќ (го игра Живоиновиќ), кој присуствува на стрелањето на еден невин човек (го игра Перовиќ) кого го убиваат југословенските војници, неправедно обвинувајќи го дека е шпион. Во втората приказна, група германски војници го брка Милош, кој доаѓа до едни гробишта, каде се среќава со друг партизан (го игра Мириќ). Двајцата доаѓаат до едно мочуриште, но германската војска повторно ги пронаоѓа. Затоа, двајцата се разделуваат, но војниците го заробуваат другиот партизан и потоа го стрелаат, а Милош го набљудува сето тоа. Во третата приказна, тој е офицер во партизанската војска. Во неговата чета пристига група заробеници меѓу кои се наоѓа и една девојка (ја игра Велетанлиќ) која соработувала со германската војска. Иако девојката му е симпатична на Милош, сепак таа е осудена на смрт со стрелање.

Наводи[уреди | уреди извор]