Прејди на содржината

Три сестри (земјоделство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Illustration of cornstalk on which bean plants are climbing, surrounded at the base with leaves and fruit of a pumpkin vine
Пченка, грав за качување и зимска тиква засадени заедно

Трите сестри (шпански: tres hermanas) се трите главни земјоделски култури на разни домородни народи од Централна и Северна Америка: тиква, пченка и грав (обично тепари грав или обичен грав). Во техника позната како придружно садење, пченката и гравот често се садат заедно во могили формирани со натрупување на почва околу основата на растенијата секоја година; тиквата обично се сади меѓу могилите. Стеблото на пченката служи како потпора за гравот, гравот го фиксира азотот во своите коренски грутки и ја стабилизира пченката при силни ветрови, а широките листови на тиквата ја засенчуваат земјата, одржувајќи ја почвата влажна и помагајќи да се спречи појавата на плевел.

Домородните народи низ Северна Америка одгледувале различни сорти на Трите сестри, приспособени на различни локални средини. Поединечните житарици и нивнато садење во поликултура потекнуваат од Мезоамерика, каде најпрвин бил припитомена тиквата, а потоа пченката, а потоа и гравот, во период од 5.000-6.500 години. Европските записи од шеснаесеттиот век го опишуваат високопродуктивното домородно земјоделство засновано на одгледување на Трите сестри низ она што сега се источни Соединетите Американски Држави и Канада, каде што земјоделските култури се користеле и за храна и за трговија. Географот Карл О. Зауер ги опишал Трите сестри како „симбиотски растителен комплекс на Северна и Централна Америка без конкутенција од други места“.

Hopi Blue Corn, Pole Beans, and Sugar Pumpkins at 6000'
Засадување на тумба на Три сестри во Аризона, 2022 година

Бројни легенди од домородните култури го опкружуваат постоењето и производството на културите Три сестри.

Една легенда ги персонифицира посевите како три човечки сестри. Првата сестра, која претставува грав, е опишана како мало дете облечено во зелено. Втората сестра, која претставува тиква, е малку постаро дете облечено во жолта наметка, или фустан. Најстарата од трите, која претставува пченка, често се опишува дека носи бледо зелен шал и има долга жолта коса.

Овие три сестри постојано ги посетува младо домородно момче, импресионирајќи ги со неговиот карактер и ловечки вештини, особено со стрелаштво. Со секоја посета, една од трите сестри исчезнува додека најстарата не остане сама. Поради тоа таа почнува да тагува. Кога домородното момче повторно доаѓа во посета на сезоната на жетва, го слуша плачот на најстарата сестра и ја враќа во домот на неговата мајка и татко за да ја расположи. Таму, најстарата повторно се соединува со нејзините сестри кои од љубопитност останале со домородното момче. Од тој момент па наваму, трите сестри никогаш повеќе не се разделиле.[1]

  1. Thomas, Lois (n.d.). „The Three Sisters: Corn, Beans and Squash“. Cornel Garden-based Learning.

Литература

[уреди | уреди извор]