Три дена во Киберон

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Три дена во Киберон“ (германски: 3 Tage in Quiberon) — филм на режисерката Емили Атеф (Emily Atef) од 2018 година. Атеф е авторка и на сценариото, а главните улоги ги играат: Мари Бојмер (Marie Bäumer), Биргит Минихмајр (Birgit Minichmayr) и Чарли Хибнер (Charly Hübner). Филмот бил прикажан на повеќе фестивали и освоил неколку награди: на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, режисерката била номинирана за „Златната мечка“; на Европските филмски награди, филмот победил во категоријата за најдобра музика (Кристоф Кајзер и Јулијан Мас), додека Бојмер била номинирана во категоријата најдобра глумица; на Филмскиот фестивал во Вуковар, бил номиниран за најдобар филм итн.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1981 година, славната глумица Роми Шнајдер доаѓа на лечење во бањата Киберон. Таа го занемарува строгиот болнички режим и времето го минува пушејќи цигари, пиејќи алкохол и земајќи апчиња за спиење. Неа ја посетува Хилде, нејзината стара пријателка од Виена, а потоа пристига уште еден стар пријател, фотографот Роберт Лебек. Тој со себе го носи и новинарот Михаел Јиргс кому Шнајдер му дава интервју за германското списание Штерн.

Наводи[уреди | уреди извор]