Триколка
Триколка — тритркално превозно средство. Триколките вклучуваат трајки (англ. trike; мотоцикли со три тркала што можат да имаат две предни тркала и едно задно тркало или едно предно и две задни тркала), тритркални автомобили и тритркални велосипеди.[1][2][3][4]
Историја
[уреди | уреди извор]Историјата на триколката се враќа назад уште и пред откривањето на првиот велосипед. Потеклото на ова тритркално превозно средство се засновало повеќе на стандардните кочии, само понамалено, а потоа подобрено со дополнителни механизми што му овозможувале полесно движење. Првите историски записи за триколката потекнуваат од втората половина на XVII век, век и половина пред да се пронајде првиот велосипед со две тркала што немал погон (работна машина направена од барон Карл фон Драјс).
Овој ран пример за триколки бил направен од стариот германски часовничар Штефан Фарфлер, кој бил сакатник и не можел да оди. Тој смислил мала едноседишна кочија со дрвени тркала (едно напред и две назад), со едноставен механизам околу предното тркало што му овозможувало да ја врти рачката и да ја пренесе нејзината моќност на тркалото. Други примери за рани триколки дошле од Франција во 1797 г. кога двајца француски пронаоѓачи го создале првиот тритркален уред што можел да тргне со педали. Тие, исто така, го именувале овој уред „триколка“ (tricycle), име што до ден-денес ќе остане синоним за овој вид возила.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Little Book of Trikes. Adam Quellin. Veloce Publishing Ltd, 1 Dec 2011
- ↑ The Hanukkah Trike. Michelle Edwards, Kathryn Mitter. Albert Whitman and Company, 1 Sep 2010
- ↑ Tilting Trike. Popular Science Jul 1980.
- ↑ Keeping Balance: A Psychologist's Experience of Chronic Illness and Disability. Katherine Cuthbert. Troubador Publishing Ltd, 3 May 2010
- ↑ „History of Tricycle - Types and other Facts“. www.bicyclehistory.net. Посетено на 2023-11-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Триколка“ на Ризницата ? |
|