Триумф на љубовта

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Триумф на љубовта
Жанр теленовела
Создадена од Телевиса
Настапуваат Мајте Перони
Вилијам Леви
Викторија Руфо
Освалдо Риос
Даниела Ромо
Земја на потекло Мексико
Јазик шпански
Број на епизоди 172
Продукција
Времетраење 45 минути - приближно
Хронологија
Проследена од Два дома

Триумф на љубовта е мексиканска телевизиска серија.

Содржина[уреди]

Викторија е позната модна дизајнерка и сопственичка на модната куќа "Casa Victoria", која измачувана од сенките на минатото, решава да ја побара својата ќерка, што под притисок на околности пред повеќе од дваесет години ја оставила на прагот на една црква. Марија Десампарада е мила и наивна девојка, која откако ќе наполни дваесет и една година решава да се отсели од сирапиталиштето и започнува нов живот со две цимерки кои ќе и станат најдобри пријателки. Сонот на младата Марија е еден ден да стане познат модел. Играта на судбината ќе ја доведе пред Викторија, жената за која не знае дека всушност е нејзина биолошка мајка. Во модната куќа Марија го запознава Максимилијано, синот на Освалдо, вториот сопруг на Викторија и лудо се вљубува во него, иако неговите намери кон девојката не се најчесни како што тој ги претстаува. Кога Викторија ќе дознае за врската меѓу Марија и нејзиниот посинок, безмилосно ќе ја истера девојката на улица. Одкако ќе остане без работа и заштита, Марија дознава дека чека дете од Макс, а нејзина најголема поддршка во текот на бременоста ќе биде отецот Хуан Пабло, кој всушност е нејзин вистински татко. На крајот Викторија дознава за ќерка и и односно Марија и не може да си прости за тоа што ја измачувала. Кога пак Марија дознава не може да прифати дека жената која ја омаловажувала и и удрила шлаканица е нејзината мајка.