Трипо Кокоља
Изглед
| Трипо Кокоља | ||
| Роден | 28 февруари 1661 Пераст, Венецијанска Република | |
|---|---|---|
| Починал | 18 октомври 1713 (возр. 52) Корчула, Венецијанска Република | |
Трипо Кокоља, (28 февруари 1661 во Пераст - 18 октомври 1713 на Корчула) — венецијански сликар.
Сликарство учел, најверојатно, во Венеција. Најзначајно негово дело во сликарството е украсувањето на внатрешноста на црквата „Богородица (Госпа) од Шкрпјела“ на островчето пред Пераст.
Сликите на Кокоља се изразито барокни, полни со темперамент и динамика, но квалитативно невоедначени, носејќи честопати изразит провинциски печат. Доминантно кај нив е влијанието на венецијанското сликарство од 17 век. Кокоља прв го внел пејзажот и мртвата природа како самостојна тема во барокното сликарство на Далмација.