Треско (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Треско
корнски: Enys Skaw

Поглед на Треско од Бриер
Население 175 (2011)
Мреж. реф. SV893421
Месност Треско
Унитарна управа Острови Сили
Церемонијална грофовија Корнвол
Регион Југозападна
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град Острови Сили
Поштенска област TR24
Повикувачки број 01720
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент Сент Ивс
Список на места: ОК • Англија • Корнвол

Треско (корнски: Enys Skaw, што значи „остров на бозели“) — втор по големина остров на Островите Сили, Корнвол, Англија. Има површина од 297 хектари и е со димензии од 3,5 км спрема 1,75 км.

Историја[уреди | уреди извор]

Во најстарите времиња островот бил населен само со пустинци. Кралот Хенри I го дал островот на манастирот Тависток. За време на Тјудорската секуларизација црквата била аболицирана, а првенството за згрижување на душите, на секуларните острови му биле дадени на лордот или феудалецот.[1]

Оригиналното има на островот Треско на корнски било Ryn Tewyn, што значи издигнатини од песочни дини. Во 1193 година, кога островот му бил даден на подарок на манастирот Тависток, од страна на папата Целестин III, името му било сменето во Сент Николас, а од 1305 година се нарекувал Trescau (во превод нива од бозели), а од 1540 година се нарекувал Iniscaw (во превод остров на бозели).[2] Во публикација од 1814 година, островот бил именуван Trescaw.[3]

Островот е под управа на Корнволското војводство, кое го управува во името на англиската круна,[4] а војводството го изнајмува на семејството Дориен-Смит (потомци на Август Смит) кои го раководат како бизнис со времетраење.

Од 2001-2009 година островот бил домаќин на маратон организиран за помош на оболени од цистична фиброза. Настанот се одржувал во ист ден како тој во Лондон. Денес маратонот е заменет со Спринт Триатлон.[5]

Во 2007 година била направена реконструкција на манастирот со придружните објекти. Денес има бунгалови за издавање, базен и спа-центар. Во 2012 година, хотелот Island бил затворен, а на негово место биле направени луксузни викенд бунгалови.

Географија[уреди | уреди извор]

Воздушен поглед на Треско

Панорамскиот поглед на островот открива плажи на источниот и јужниот дел од островот, пустари на северниот брег и гранитни гребени. Ваквиот пејзаж и геоморфологија на Треско се должат на последното ледено време кога ледениот покривач ја отсекол северната страна на островот, оставајќи деформирани висорамнини.[6]

Главните населби се Њу Гримсби и Олд гримсби, кои се наоѓаат во центарот на островот Треско. На јужниот дел од островот се наоѓаат субтропската ботаничка градина Треско Аби Гарден и хелидромот. Северно од Њу Гримсби се замокот на кралот Чарлс и Кромвелскиот замок.

Граѓанска парохија и избирачко место[уреди | уреди извор]

Островите Сили, каде граѓанската парохија и избирачкото место Треско е прикажан во црвено.

Треско е една од петте граѓански парохии на Островите Сили, кои исто така се одделенија. Граѓанската парохија и одделение покриваат многу повеќе од островот Треско: тука се вклучени ненаселени острови како Самсон (населен до 1855 година), Теан, Сент Хелен, Нортветил и Раунд Ајленд. Треско избира двајца советници во советот на Островите Сили, а исто како и другите одделенија надвор од островот. Меѓутоа, граѓанската парохија не е функционална и нема совет или парохиски средби.

Демографија[уреди | уреди извор]

Овие бројки вклучуваат само постојани жители. Голем број сезонски работници, исто така, живеат на островот во текот на летото.

  • 1841 – 430
  • 1861 – 399
  • 1871 – 266
  • 1891 – 315
  • 1901 – 331
  • 1911 – 315
  • 1921 – 217
  • 1931 – 248
  • 1951 – 243
  • 1961 – 283
  • 1971 – 246
  • 1991 – 170
  • 2001 – 180
  • 2011 – 175

Стопанство[уреди | уреди извор]

За разлика од другите острови, Треско е примарно остров со ресорти за одмор[7] каде сите активности и сите вработени се поврзани со туризмот. На другите Острови Сили туризмот е значајна, но не и единствена стопанска гранка.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Олд Блокхаус, Треско
Арка од ѕидот на средновековниот манастир во градините Треско Аби
Треско Аби
Хеликоптер полетува од хелидромот во Треско
Плажа кај Њу Гримсби
Од периодот на Англиската граѓанска војна:
  • Замокот на кралот Чарлс кој датира од 1550-1554 година, а бил освоен од ројалиститите за време на Англиската граѓанска војна.[8] Дел од замокот бил срушен за да добиениот материјал се употреби за изградба на Корнволскиот замок.
  • Крајбрежната кула, позната како Кромвелскиот замок, била изградена 1651-1652 година, а во 1740 година и била додадена платформа за топови.[9]
  • Олд Блокхаус е кула со топови, веројатно изградена 1548 година или 1552 година,[10] која требала да го брани пристаништето Олд Гримсби.
  • Оливер Батери е градба на јужниот дел од островот која била изградена од адмиралот Роберт Блејк кратко време по освојувањето на Треско од силите на парламентарците во Англиската граѓанска војна.
Други знаменитости
  • Споменик на Август Смит на југозападниот дел од Треско
  • Аркада на ѕидот од средновековниот манастир во ботаничката градина.
  • Англиканската црква Св. Николас.

Образование[уреди | уреди извор]

Академијата на петте острови (стар назив: Училиштето на петте острови) има зграда на островот Треско[11]. Учениците од средното образование училиштето го посетуваат во Сент Мери, каде престојуваат во интернат за време на работни денови, а за време на викенди се враќаат дома.[12]

Студентите ги посетуваат универзитетите на копното во Велика Британија.[13]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

На островот нема автомобили.Туристите се превезуваат до хелидромот со посебни патнички приколки, а за хендикепираните личности превозот е овозможен со приспособени голф колички.

Од 1983 година до октомври 2012 година бил во функција Треско хелидромот, а сега е во изградба новиот хелидром во Пензанс, преку кој треба да се поврзат островите Сент Мери и Треско, за кој се планира да биде завршен 2019-2020 година.

Превозот со моторни бротчиња го поврзува островот Треско со другите населени Острови Сили, а се организираат и повремени кружни обиколки на островите.

Див свет и екологија[уреди | уреди извор]

Дивиот свет и екологијата на Треско се уникатни во однос на другите Острови Сили. На северниот дел се ветровитите висорамнини, кои одејќи кон југ се сменуваат во топли полиња, мочуришта и езера, по кои идат песочните дини за да на најјужниот дел се наоѓаат прекрасни плажи.[14] На островот се означени неколку локации кои се од специфичен научен интерес (Sites of Special Scientific Interest - SSSI). Касл Таун е прогласен за SSSI поради геологијата, здравата морска средина, богатството на флора, а таму се парат и одредени видови на морски птици, како на пример речната рибарка. Грејт Пул е прогласен за SSSI поради тоа што таму се наоѓа најголемата површина на свежа вода на Островите Сили, и е важно место за парење на птици, како и засолниште и хранилиште на птици преселници. Пентл Беј е место во кое растителниот свет се менува (транзитира) богата флора типична за песокливи дини, до суви предели населени со разни видови на лишаеви.

На островот биле донесени парови од црвената верверица (Sciurus vulgaris) од Англија, како загрозен вид за да се обнови видот, бидејќи на островот Треско нема грабливци за ова животно. Во јуни 2014 година биле сликани група на младенчиња од црвената верверичка што е доказ дека успешно се размножиле.[15][16]

Птици преселници[уреди | уреди извор]

Меѓу многуте птици преселници овде се наоѓаат:

Културни наводи[уреди | уреди извор]

Поради својата географија и историја, островот Треско често е споменуван во книгите на детскиот писател Сем Левелин, директниот потомок на Август Смит, кој по назначувањето за управник на островот во 1834 година останал овде да живее.

  • Флора Кеслдајн, главниот лик во романот Оди Нежно, од Џорџ Гејл, е родена и израсната на Островите Сили. Островот Треско се споменува неколкупати.
  • Зошто китовите дојдоа од Мајкл Морпурго се случува на Островите Сили, со споменување на Треско неколкупати.
  • Пеколниот залив, од Сем Левелин, се случува на островот Треско.
  • Морската градина, од Сем Левелин, се случува на измислен остров кој во голема мера е заснован на Треско.
  • Бурни острови, од Ен Квинтон, е роман кој се случува на Треско.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Во адаптацијата на БиБиСи од 1989 година, на Патување на зората, сцените кои се случуваат на измислените острови Лоун Ајлендс биле снимени на Треско, при што снимките на бродот биле снимени на брод во околното море.
  • Треско е местото каде бил снимен филмот Архипелагот од 2010 година, во режија на Џоана Хог.
  • Во раните 1980-ти години Треско бил користен како локација за снимање на видеото на песната Островот на изгубените души од американската рок група Блонди.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alford, Daniel Pring (1891). The Abbots of Tavistock : with views beyond. Plymouth : W. Brendon.
  2. Weatherhill, Craig (2005). Place Names in Cornwall and Scilly. Wessex Books. ISBN 1903035252.
  3. „The Scilly Islands | British History Online“. www.british-history.ac.uk. Посетено на 2018-12-10.
  4. Crispin, Gill (1987). Тhe Duchy of Cornwall (1st ed.). David & Charles. ISBN 0715388916.
  5. „Tresco Triathlon 2018 | Tresco Island“. www.tresco.co.uk. Посетено на 2018-12-10.
  6. „Subglacial till: the deforming glacier bed“. Quaternary Science Reviews (англиски). 22 (15–17): 1659–1685. 2003-07-01. doi:10.1016/S0277-3791(03)00141-0. ISSN 0277-3791.
  7. „Tresco Island, Isles of Scilly | Tresco Island“. www.tresco.co.uk. Посетено на 2018-12-10.
  8. England, Historic. „Oliver's Battery, Tresco, Tresco - 1016181 | Historic England“. historicengland.org.uk. Посетено на 2018-12-10.
  9. O'Neil, B. H. St. J (1961). Ancient monuments of the Isles of Scilly (англиски). London: H.M. Stationery Off.
  10. Brodie, А. (2010). „The Tudor Defences of Scilly“. English Heritage Historical Review. 5: 24–43.
  11. „Contact us | The Five Islands Academy“. www.fiveislands.scilly.sch.uk. Посетено на 2018-12-10.
  12. „Home to School Travel | Council of the ISLES OF SCILLY“. www.scilly.gov.uk. Посетено на 2018-12-10.
  13. „Council of the Isles of Scilly - Education“. web.archive.org. 2002-10-14. Архивирано од изворникот на 2002-10-14. Посетено на 2018-12-10.
  14. Cooper, Andrew (2006). Secret Nature of the Isles of Scilly. Dartington: Green Books. ISBN 9781903998519.
  15. „Squirrels set to be released in 2013 | This is Cornwall“. archive.is. 2013-05-05. Архивирано од изворникот на 2013-05-05. Посетено на 2018-12-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „Red squirrels in helicopter delivery“. BBC News (англиски). 2013-09-20. Посетено на 2018-12-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]