Треска од долината Рифт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Треска од долината Рифт
Rift Valley fever tissue.jpg
TEM micrograph на ткиво инфицирано со вирус на Треска од долината Рифт
Класификација и надворешни извори
Специјалност заразна болест[*]
МКБ-10 A92.4
МКБ-9 066.3
DiseasesDB 31094
MeSH D012295

Треска од долината Рифт (RVF) е вирусно заболување коешто може да предизвика умерени до силно изразени симптоми. Во умерените симптоми спаѓаат: треска, болки во мускулите и главоболки коишто честопати траат и до цела недела. Во силно изразените симптоми спаѓаат: губење на способноста за вид три недели после инфицирањето, инфекции на мозокот коишто предизвикуваат јаки главоболки и конфузност, а може да има крварење и проблеми со црниот дроб кои може да се појават во првите неколку дена. Кај тие што имаат крварење, веројатноста за смртност е до 50%.[1]

Причина[уреди | уреди извор]

Болеста е предизвикана од RVF вирус, којшто е тип на Phlebovirus . Се пренесува или со допирање на инфицирана крв на животно, вдишување на воздух околу инфицирано животно што било заклано, со пиење на сирово млеко од инфицирано животно или од каснување од инфициран комарец комарци. Животни како што се крави, овци, кози и камили може да бидат заразени. Кај овие животни најчесто се шири преку комарци. Не се случува човек да инфицира друг човек. Се дијагностицира со откривање на антитела против вирусот или со самиот вирус во крвта.[1]

Заштита и лекување[уреди | уреди извор]

Заштитата за луѓето е преку вакцинирање на животните против оваа болест. Ова мора да се стори пред да се појави болеста, бидејќи ако се стори кога веќе се појавила болеста, само може да ја влоши состојбата. Може да биде од корист и ако се спречи движење на животните ако веќе дошло до појава на болеста. И намалувањето на бројот на комарци и бројот на каснувања од комарци може да користи исто така. Постои и вакцина за луѓе; но, од 2010 не е достапна насекаде. Не постои специфично лекување за веќе инфицираните.[1]

Епидемиологија и историја[уреди | уреди извор]

Избувнување на болеста се случило само во Африка и Арабија. Избувнување на епидемија вообичаено се случува во периоди на обилни врнежи кога се зголемува бројот на комарците.[1] Болеста за прв пат е евидентирана кај стоката во Долината Рифт во Кенија во раните 1900,[2] а вирусот бил изолиран за прв пат во 1931.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Rift Valley fever“. Fact sheet N°207. World Health Organization. мај 2010. http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs207/en/. посет. 21 март 2014 г. 
  2. Palmer, S. R. (2011). Oxford textbook of zoonoses : biology, clinical practice, and public health control (2nd издание). Oxford u.a.: Oxford Univ. Press. стр. 423. ISBN 9780198570028. http://books.google.ca/books?id=S90mOwgdz9kC&pg=PA423.