Тренко Тасески
Изглед
Тренко Билбилов Тасески ( 1909 во Бигор Доленци — 1944 во Дебар) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]По занимање бил земјоделец. Во Народноослободителната војска на Македонија стапил во летото 1943 година, во Групата баталјони, а подоцна станал борец на Првата македонско-косовска бригада. Со бригадата, тој заминал во егејскиот дел на Македонија, каде учествувал во познатиот Богомилски поход. Загинал во борбите за конечното ослободување на Дебар во есента 1944 година.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 133.
- ↑ „Улица "Тренко Тасески"“.[мртва врска]