Тренер (филм)
„Тренер“ — филм на режисерот Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ од 1978 година. Главните улоги ги играат: Танасије Узуновиќ, Љуба Тадиќ, Петер Карстен и Милена Дравиќ.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Еден тренер на голем клуб се враќа во родното место за да го посети гробот на родителите и со намера да го однесе талентираниот центарфор во Белград. Набргу, младото момче станува голема ѕведза во клубот на тренерот. По некое време, поради несогласувањата со тренерот и со директорот на клубот, центарфорот заминува во странство. На еден меѓународен натпревар се среќаваат сегашниот и поранешниот клуб на тренерот, а победува поранешниот клуб, со што неговото место во сегашниот клуб станува несигурно. Сепак, тој ја спасува кариерата со успехот на натпреварот одигран во Белград. Потоа, тренерот повторно оди во родното место и пред споменикот на татко му, кој погинал во војната, се прашува што се случува со него, што на спортското поле мора да работи против својата земја...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Филмови на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ
- Филмови со Љуба Тадиќ
- Филмови со Милена Дравиќ
- Филмови со Петер Карстен
- Филмови со Душица Жегарац
- Филмови со Танасије Узуновиќ
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови на Авала филм
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови на српски јазик
- Филмови од 1978 година
- Филмови чие дејствие се одвива во Белград