Тревата е позелена
Изглед
„Тревата е позелена“ (англиски: The Grass Is Greener) – филм на режисерот Стенли Донен од 1960 година. Главните улоги ги играат: Кери Грант, Дебра Кер и Роберт Мичам.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Виктор и Хилари организираат туристички тури на својот имот во Англија. Во текот на една тура, американскиот нафтен тајкун Чарлс Делакро случајно налетува на Хилари и го освојува нејзиното срце. Во меѓувреме се замешува и Хети Дјурант, која му се додворува на Виктор. Така настанува класичен љубовен триаголник...