Прејди на содржината

Трбушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исчистено и исечено чкембе, подготвено за понатамошна обработка

Трбушка[1][2], кормушка[3][4], чкембе[5][6] или шкембе[7][8] — јадење направено од исчистени желудници од разни животни.

Говедско чкембе

[уреди | уреди извор]

За подготовка на чкембето најчесто се користат првите три комори на говедскиот желудник. Задниот дел од говедскиот желудник - сириштето многу ретко се користи поради неговата структура во која преовладува жлездеста слузница.

Јагнешко чкембе

[уреди | уреди извор]

Освен желудникот од јагнето се користат и тенките црева. Јагнешкото сириште се користи при подготовка на ширден.

Други животни

[уреди | уреди извор]

Чкембе се прави и од желудник на кози, свињи, елени, туна.

Неисчистено чкембе

[уреди | уреди извор]
Сирово чкембе
Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz)
Енергија355 kJ (85 kcal)
0 г
Шеќери 0 г
0 г
Влакна0 г
3,69 г
Заситени1,291 г
Мононезаситени1,533 г
Полинезаситени,180 г
12,07 г
Витамини и минерали
ВитаминиКоличина
%ПДВ
Витамин А (екв.)
0%
0 μg
Тиамин (Б1)
0%
0 mg
Рибофлавин (Б2)
5%
.064 mg
Ниацин (Б3)
6%
0.881 mg
Пантотенска киселина (Б5)
2%
0.1 mg
Витамин Б6
1%
.014 mg
Фолат (Б9)
1%
5 μg
Витамин Б12
58%
1.39 μg
Витамин Ц
0%
0 mg
Витамин Д
0%
0 μg
Витамин Е
1%
.09 mg
Витамин К
0%
0 μg
МинералиКоличина
%ПДВ
Калциум
5%
69 mg
Железо
3%
.59 mg
Магнезиум
3%
13 mg
Манган
4%
.085 mg
Фосфор
5%
64 mg
Калиум
2%
67 mg
Натриум
4%
97 mg
Цинк
13%
1.42 mg
Други состојкиКоличина
Вода84,16 г
Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[9] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[10]

Чкембето од кое не се целосно измиени остатоците од утробата на животното, се нарекува и зелено или незрело чкембе. Мирисот на таквото чкембе е непријатен за луѓето, но многу примамлив за кучињата и мачките, па затоа се популарни како храна за домашни миленици.

Исчистено чкембе

[уреди | уреди извор]

Како човечка храна се користи исчистеното чкембе. Во зависност од вкусот и умешноста на готвачот, чкембето може да има мали траги од остатоци од утробата, што му дава посебна арома на јадењето. Без оглед на вкусот на готвачот, процентот на остатоци од желудник е многупати помал од зеленото чкембе што се користи во храната за животни.

Чкембето се подготвува во многу делови од светот на различни начини. Заедничко за сите рецепти е првата фаза на преработка на сиров желудник, а тоа е чистење од остатоците од утробата со варење. За подготовка на колбаси, исчистеното чкембе се сечка на помали парчиња, а за приготвување на варени и супи, на поголеми парчиња (ленти). Во некои јадења се користи цел или дел од исчистениот желудник, како во прилепскиот „ширден“, каде истиот се полни со парчиња месо.

Чкембето во Македонија

[уреди | уреди извор]
Чкембе-чорба

Во Македонија најчесто се подготвува чкембе-чорба особено во зимските месеци. Битолчани се познати по подготовката на јадења од чкембе, па навивачите на спортските клубови Пелистер се нарекуваат Чкембари.

Во пролет се подготвува кукурек, кој се подготвува од плетенки од јагнешко чкембе и цревца.

Симбол на кулинарството во Прилеп е ширденот.

Маркетинг

[уреди | уреди извор]

Маркетиншкиот одбор за чкембе го промовира 24 октомври како Светски ден на чкембето бидејќи на тој ден во 1662 година, Семјуел Пипс напишал, Tripe Marketing Board promotes World Tripe Day on 24 October, because on that day in 1662, Samuel Pepys wrote, „Дома вечеравме со жена ми највкусно јадење од чкембе по мој рецепт.“[11]

  1. „трбушка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „трбушка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „кормушка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „кормушка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „чкембе“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „чкембе“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. „шкембе“Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „шкембе“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  9. United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
  10. „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
  11. „World Tripe Day: Can we fall in love with tripe again?“. BBC. 24 October 2017. Посетено на 20 July 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]