Трајче Танески
Изглед
| Трајче Танески | ||
| Роден | 1918 година Карбуница, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | декември 1943 година Ресенско, Царство Бугарија | |
| Народност | Македонец | |
Трајче Крстев Танески ( 1918 во Карбуница — 1943 во Ресенско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Произлегувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во пролетта 1943 година бил мобилизиран од италијанската војска. По капитулацијата на Италија, се вратил назад и по кусо претстојување дома, стапил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата, тој тргнал во познатиот Февруарски поход, но во декември 1943 година, на територијата на Општина Ресен, тој заостанал од бригадата, бил фатен од бугарските војници и по долги малтретирања бил стрелан.[1]