Трајче Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајче Ванчов Ристески ( 1922 во Брждани, Кичевско1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното училиште го завршил во своето село, но бидејќи потекнувал од бедно семејство, не продолжил да се школува. Се занимавал со земјоделие. Уште веднаш по окупацијата се определил за борба пpoтив окупаторот. Доста бил активен во селото, а во редовите на НОВ на Македонија стапил во ноември 1944 година во Првата македонска бригада. Со бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Македонија. Во составот на Петнаесетиот корпус учествувал на Сремскиот фронт. Загинал во близината на Загреб во борба со германците и усташите во мај 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 105.