Трајче Дојчиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајче Софрониев Дојчиноски (1920 во Белчишта, охридско — јуни 1943 во Карбуница, кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајче Софрониев Дојчиноски е роден во селото Белчишта. Се занимавал со земјоделие. Опфатен од движењето на отпорот активно работи во НОБ од 1941 година. Со формирањето на партизанската ќелија во Белчишта во Февруари 1942 година, станува член на КПЈ и одговорен за работата со младината. Потоа доброволно стапил во кичевско-мавровскиот партизански одред на 1 мај 1943 година. Загинува во борбата што ја води одредот против зголемените италијански сили кај селото Карбуница, во јуни 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот, ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945 година. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)