Прејди на содржината

Трајче Ѓоргиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Трајче Ѓорѓиев)
Трајче Ѓоргиев
Роден 28 јули 1967(1967-07-28)
Кочани, СР Македонија, СФРЈ
Починал 3 јуни 2023(2023-06-03) (возр. 55)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање глумец
драмски режисер
пантомимичар

Трајче Ѓоргиев (Кочани, 28 јули 1967 Скопје, 3 јуни 2023 ) — македонски глумец и драмски режисер, осбено вклучен во пантомимата.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за актерска игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991 година.[1] Од 1997 година работел во Македонскиот народен театар (МНТ).

Творештво

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1990 до 2010 година, Ѓоргиев играл во повеќе од 40 претстави, во МНТ,[2] дебитирајќи со улогата на Акаст во „Мизантроп“ во 1989 година. Во својата кариера ги играл улогите на Густав во „Надвор од умот“, Пандар во „Троил и Кресида“, Ивковиќ во „Народен пратеник“, Чинели во „Јануари“, Спасе во „Македонска крвава свадба“, Етјен во „Кројач за дами“, Сапорта Робесвјер во „Мисија“, Благоја Ќелавиот во „Немушт јазик“, Виргински во „Демони“, Силјан во „Писание“, Доктор Финаш во „Болва в уво“, Тетин Јаков во „Госпоѓа министерка“, Бу змијата во „Самовилско јајце“, Комесарот во „Подемот и падот на кабарето“, Фридрих Ниче во „Аферата Елсињор“, Лиходеев во „Мајсторот и Маргарита“, Јанушек во „Прекината одисеја“, Бил Остин во „МАММА МIА!“ и Докторот во „Бесачи“.[3] Исто така, од 1991 година почнал да работи и како театарски и видео режисер, претежно како предводник на театарското студио во Културниот центар во Кочани. Во април 2004 година го режирал својот прв настап на малата сцена на Македонскиот народен театар, а подоцна во 2010 година ја режирал „Вишновата градина“ на големата сцена на МНТ. Работел како режисер во Словенија, Србија и Македонија. Во април 2005 година ги режирал и играл во петте пантомими за глумечката претстава „Човекот“ од Марсел Марсо со која ја стекнал титулата магистер по пантомима на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ“ во Софија, Бугарија. Ѓорѓиев бил основач, главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима. Во својата долгогодишна кариера, тој бил добитник на неколку награди, како: „Гран при“ за најдобра претстава и најдобра режија за претставите „Кралот Иби“ „Настојник“ „Домот на Бернарда Алба“ и други; во 2006 година станал добитник на две големи награди за претставата „Човекот“, и тоа: наградата за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.[4]

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Филм Улога
1990До-Ре-Ми ТВ-серија
1991Тврдокорни ТВ-серија
1991Еурека ТВ-серијаХорист
1992Словенски орфеј ТВ-филмОрфеј
1992Роза Еирихонска ТВ-филм
1994Прекалени ТВ-серијаСтудент
1994Бумбари ТВ-серијаЖта
1996Македонски народни приказни ТВ-серија
1997Во светот на бајките ТВ-серија
2000Погрешно време ТВ-серијаЗдравко
2001Светот има осум страни ТВ-серија
2002Звукот на светлината ТВ-филмИван
2003Чекор пред времето ТВ-филм
2003Нежната прашина на заборавот ТВ-серијаХристе
2004Големата вода ТВ-филмСоветник
2005Обични луѓе ТВ-серијаОгнен
2006Нави ТВ филмМарко
2010Македонски народни приказни ТВ-серија
2011Турни ме да Кинисам ТВ-серијаМитре
2013Тврдокорни ТВ-серијаКоте
2014Приказни од животот ТВ-серијаАтанас
2015Последниот Македонец ТВ филм
2015Македонски народни приказни ТВ-серија
2017Инсајдер ТВ-серијаОгнен
2018Преспав ТВ-серијаЕкспертот
2020Хомо ТВ-филмПолицаец
  1. ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ (пристапено на 4.6.2023)
  2. „Trajce Gjorgiev“. Pantomime Mime. Посетено на 22 март 2018.
  3. ПОЧИНА АКТЕРОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ, ОСНОВАЧОТ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПАНТОМИМА ПАНФИЗ (пристапено на 4.6.2023)
  4. Почина актерот Трајче Ѓорѓиев (пристапено на 4.6.2023)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]