Трајко Крстевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Крстевски
Роден 1921 година
Скопје
Починал 9 мај, 1945 година
Дуго Село, Хрватска
погоден во несреќен случај од негов соборец, при чистење на пушката

Трајко Јованов Крстевски ( 1921 во Скопје9 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од селско сиромашно семејство. По завршување на основното училиште изучил занает и работел како кујунџија - златар. Материјално го помагал Нароноослободителното движење. По ослободувањето на Скопје стапил во Третата македонска ударна бригада, со која учествувал во ликвидирањето на балистичките банди во некои краишта на Србија. Бил учесник во многу битки на Сремскиот фронт. На 9 мај 1945 година, на денот кога фашистичка Германија капитулирала, несреќно загинал од пушката на еден соборец, кој без да сака при чистење на оружјето смртоносно го погодил. Бил закопан кај Дуго Село, Хрватска. По свршувањето на војната посмртните останки му биле пренесени на скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 80. На |first= му недостасува |last= (help)