Трајко Желевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Желевски
Роден 1875
Желево, Костурско
Починал 1923
Асеновград,  Бугарија

Трајко Тодоров (Тодев), најпознат како Трајко Желевски ( 1875, Желево, Костурско - 1923, Асеновград, Бугарија) — македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и костурски војвода.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трајко Тодоров е роден во 1875 година во костурското село Желево, денес Андартико, Егејска Македонија. Завршил основно образование. Во 1898 година влегол во редовите на ВМОРО и од 1900 година бил нелегален четник кај Пандо Кљашев и Митре Влаот. По Илинденското востание од 1904 до Младотурската револуција во 1908 година бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. За реон на дејствување, Желевски го имал родното село и го придружувал Христо Цветков при обиколките во реонот на Костенарија[1].

После Хуриетот работел во Торонто, Канада. При избувнувањето на Првата балканска војна тој се вратил и учествувал во борбите против Османлиското Царство. Пред крајот на војната се вратил во родното село, но по распит на грчки војници за да го вооружат, тој пребегнал во Бугарија.[2]

По Втората балканска војна во 1913 година бил дел од Здружената партизанска чета на Македонско-одринското ополченство на Васил Чекаларов, која војува со грчки чети. Учествувал и во Првата светска војна.[3]

По потпишувањето на т.н. Мајски манифест во 1923 година и последователните братоубиства, бил застрелан заедно со Тома Желински, во јуни, истата година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“
  2. Томев, Фото. Кратка история на село Желево, Македония, издава Желевското Благотворителното братство в Торонто, Торонто, 1971, с. 42-43/Tomev, Foto. Short history of Zhelevo village, Macedonia, Zhelevo Brotherhood, Toronto, 1971, p. 42-43.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 56.
  4. Според Петар Чаулев за убиството била добиена согласност од Никола Милев - Отворено писмо на П. Чаулев до г. Кирил Прличев, сметководител на Внатр. Македонска Револ. Организација и учител в III Софиска машка гимназија, Софија, 13 октомври 1924 г.