Трајко Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трајко Димитров
ТРАЈКО-ДИМИТРОВ МАРХ-770x330.jpg
Портрет на Трајко Димитров
Роден(а)8 август 1930
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
АтелјеМакедонијапроект

Трајко Димитров (роден на 8 август 1930) — македонски архитект. Припаѓа на првата генерација архитекти запишана на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1949, а дипломирал во 1956 година. По дипломирањето се вработил во Заводот за станбена изградба во Скопје, којшто подоцна се трансформирал во Македонијапроект и тука останал се до истекот на неговиот активен работен стаж во 1990г. Својата кариера претежно ја посветил на проектирањето на објекти од општествен карактер, давајќи притоа посебен акцент на спортските објекти.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Потекнува од занаетчиско семејство. Татко му Ѓорѓи,роден 1902 во Булачани е истакнат мајстор во градот за изработка на мебел, а мајка му Стојна, родена 1903 во Пагаруша, потекнува од семејство кое според семејната традиција имало свој рудник за вадење и обработка на мермер. До 1937 живеел во маалото Буњаковец, а потоа за време на школувањето и студиите па се до 1962 во Дебар Маало.[1]

Позначајни дела[уреди | уреди извор]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • 1966 Борбина плакета, за пристанишна аеродромска зграда „Скопје” во Петровец, Скопје
  • 1973 Златна јубилејна плакета, за универзалната спортска сала на Тутунскиот комбинат во Прилеп,
  • 1981 Голема награда на Бимас, за Универзалната спортска сала во Куманово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Трајко Димитров, страница на „МАРХ“.