Трајко Велковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трајко Велков Велковски ( 1925 во Скопје8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил четврто одделение, а потоа изучил занает ѝ работел како златар. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По акциите за чистење од балистички банди во Македонија и Косово со бригадата заминал за Срем. Откако ја завршил обуката учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во жестоките борби против Германците и усташите, на 8 мај 1945 година, храбро загинал кај Дуго Село. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 41. На |first= му недостасува |last= (help)