Трајко Бошкоски-Тарцан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајко Бошкоски-Тарцан
Роден 12 јуни 1918
Голем Радобил, Прилепско, СХС, денес Македонија
Починал 6 јануари 1943(1943-01-06) (возр. 24)
Сливник, Велешко
Занимање партизан и комунист
Првоборците Мице Козар (лево) и Трајко Бошкоски - Тарцан (десно)

Трајко Бошкоски-Тарцан (Голем Радобил, Прилепско, 12 јуни 1918Сливник, Велешко,6 јануари 1943) — македонски комунист и првоборец во НОБ.[1] Раководел со нападот што прилепските партизани го извршиле во Прилеп на 11 октомври 1941 година.

Помеѓу двете светски војни[уреди | уреди извор]

Бошкоски е роден во прилепското село Голем Радобил на 12 јуни 1918 година. Неговиот татко и мајка наскоро умираат, по што е посвоен од семејството Бошкоски од Прилеп. Основно училиште и прв клас гимназија завршил во Прилеп, а потоа, од 1932 година, работел како дрводелец.

Во 1935 година станува член на СКОЈ. Учествувал и во Прилепското работничко друштво „Абрашевиќ“, каде раководел со рецитаторската секција.[2] На 1 мај 1936 година, заедно со Мице Козар, поставуваат црвено знаме на Маркови кули, по повод Меѓународниот ден на трудот.[3] Кон крајот на летото 1937 година заминува во Белград. Се вклучил во тамошното работничко движење и на 26 ноември 1938 година станал член на КПЈ. Во 1940 година се вратил во Прилеп и станал член на Месниот комитет на КПЈ во градот и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. За време на Илинденските демонстрации истата година одржал два забележителни говора, по што бил уапсен. Во декември 1940 година е осуден на шест месеци затвор. Ослободен е пролетта 1941 година.

НОВ[уреди | уреди извор]

Споменик на Тарцанот на прилепскиот плоштад

По окупацијата на Македонија, Тарцан е еден од водачите на групата што ќе ја нападне фашистичката полициска станица во Прилеп, на 11 октомври 1941, со што се означува и почетокот на востанието за слобода на македонскиот народ.[4] Исто така тој е еден од седумте први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја формираат првата партизанска чета.[5] Избран е за политички комесар на четата, а подоцна бил политички комесар и на Првиот прилепски НОПО „Гоце Делчев“. На 8 октомври 1941 година е опколен во една куќа во Прилеп, но успева да се пробие низ непријателскиот обрач, при што убива еден непријателски полицаец.[6]

Кон крајот на 1941, работи активно на теренот на Скопје, каде пропагира и ја јакне организираноста на македонскиот народ за борба против окупаторот. Од скопскиот терен, тој се префрлил во Тетовско-Дебарскиот регион каде исто така успешно работел на оформување на нови партизански одреди.[4] Бил член и инструктор на ПК на КПЈ за Македонија од декември 1941, а потоа бил политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб од април 1942. По формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во септември 1942 година бил избран за негов политички комесар. Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови.

При една организирана потера на окупаторот, Тарцан тешко е ранет на Божик во 1943. Соборците го оставиле во една колиба во селото Сливник, но бил предаден и во нерамна борба со бугарските воени и полициски сили, со последниот куршум се самоубил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 201 стр.
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 6 стр.
  3. Георгиевски, цит. дело, 47-50 стр.
  4. 4,0 4,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 38. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. Георгиевски, цит. дело, 176 стр.
  6. Георгиевски, цит. дело, 185-189 и 223 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]