Трајко Ангеловски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Трајко Стојменов Ангеловски ( 1920 во Доница, Кривопаланечко10 декември 1944 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Во потрага за подобар живот се преселил во Мршевци, Скопско. На 20 август 1944 година стапил во Осумнаесеттата македонска ударна бригада. Со истата учествувал во завршните операции, што многубројните бригади на НОВ и ПОЈ ги воделе ширум Македонија. Иако ја дочекал слободата, храбро загинал во една борба против балистичките банди, на 10 декември 1944 година, точно два месеци по загинувањето на неговиот помлад брат Владо Ангеловски.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 25. На |first= му недостасува |last= (help)