Трајан Цибалевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трајан Тодоров Цибалевски е роден на 14 февруари 1924 година во деветочлена селско-работничко фамилија, во село Ѓавато. Иако одличен ученик, немајќи материјални средства не го продолжил школувањето, туку работел како општ работник. Откако татко му настрадал од мина во 1939 година и станал немоќен да привредува, целата грижа околу семејството останало на младиот Трајан. Извесно време бил на работа во Германија од каде оболен и исцрпен се вратил в село. Во есента 1944 година Цибалевски и се приклучил на Седмата бригада и зел борби во повеќе борби каде што се движела истата. Потоа, кога XV корпус, во чиј состав била и 48. дивизија со Седмата бригада, заминал на Сремскиот фронт. Цибалевски загинал како нишанџија на митролез заедно со својот помошник кај Кајгана, Хрватска за кое е одликуван со „Орден заслуги за народ“.