Трајан Петровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Трајан Петровски(Trajan Petrovski),роден 31 јануари 1939, с. Арбиново, Дебaрца, Македонија

Македонски поет,раскажувач, романописец, публицист,преведувач,полемичар.Дипломирал право.Дипломат од кариеара.Прв aмабасадор на независна Република Македонија.Бил амбсадор на СФРЈ и Р.Македонија во Египет, Турција, С.Арабија, Обединети Арапски Eмирати,Узбекистан,Казастан,Азербејџан,Киргистан.Потписник е на повеќе билатерални договори за воспоставување на дипломатски односи на Р.Македонија со други држави.

По националност Македонец

Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата.Член на македонскиот ПЕН центар.

Петровски е автор е на збирките поезија: И падина и гороцвет(1964), Опаленик(1967), Благослов на лебот(1969), Дреновина(1971), Ни ден ни гробнина(1974), Говорот на селаните(1979),Старо лозје(1983),Сфинга(1985), Разговори со Прличев(1989), Анадолските ветрови(1993), Босфорски завештение(1996), Живеам во Азија(2000), Беседења по дервишки(2000), Пукнатина (2005), Амбисот.Жената(2010), Каде со иднината(2012), Со кого можам да зборувам денес(2012), Главата в торба( 2014), Кога ѕверот ќе дојде(2017), Јас и Црна Арапина( 2017) и помеата Верување во Охрид (1996).

Автор е на романите Девствена причесна, Асхаровци, Заклетва за простодушните, Дервишки прстен, Непорабена месечина, Здравица за потомците, македонскиот фараон,Саркофагот на македонската земја, Бела чума, Црвоточина, Задгробен разум, како и романот за деца Вовчето Киро

Автор е на книгата Откривање на вечноста, како и Анадолски дипломатски летопис(мемоари) со наслов Бев амбасадор на две држави.

Ги има објавено книгите раскази, патописи и записи: Време Литово и Аждерово, Смалувањето на човекот, Каирска магија, Горчлив австралиски патопис, Житија караормански, Озрачување на стварноста, Севселенски раскази,Жезолот на Патријархот.

Петровски е автор на антологиски избори: Слепиот харфист, Читање на папирусите,Антологија на современата египетска поезија,, Антологија на малезиската поезија, препеви од Книгата на мртвите и др.

Застапуван е во бројни антологиски избори во земјата и странство.

Поезијата на Петровски е преведена на повеќе од 20 јазици.Одделни книги поезија и проза се објавени на англиски, руски, арапски, турски, кинески, романски,полски, српски, бугарски, албански, азерски и монголски јазик.

Преведува од српско-хрватски и англиски јазик.

Трајан Петровски е носител на неколку значајни домашни и меѓународни книжевни награди и признанија за поезија и проза,Рациново признание, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ванчо Николески, Златно перо,Златен Јупитер на градот Тоска во Р.турција, како и на наградата Св.Климент Охридски за животно дело на градот Охрид

Сопруга Верка Петровска, синови Горан и Алекндар Петровски, внуци Јане, Катерина, Ангела и Ведран Петровски