Трајан Митревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајан Митревски
Роден 7 мај 1913
Добрушево, Битолско
Починал 1991
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање протојереј
професор

Трајан Митревски (роден на 7 мај 1913 година во Добрушево, Битолско - починал во 1991 година во Скопје) — професор на Православниот богословски факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното место, Богословија учел во Битола (1936–1941), а завршил во Пловдив, Бугарија (1942). Дипломирал на Богословскиот факултет во Белград (1950). Ракоположен за свештеник во Битола (29. Ⅷ 1942), служел како парохиски свештеник. Бил главен воспитувач (1967), професор и ректор на Богословијата (1973–1977). При отворањето на Православниот богословски факултет во Скопје (1977) бил избран за вонреден професор во првата гарнитура професори на факултетот, а потоа и редовен професор. Тој е познат библист и апологет.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митревски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 968. Text "series " ignored (help)