Трафикантот (филм од 2018)
Трафикантот (германски: Der Trafikant) - австриско-германски филм од 2018 година, во режија на Николаус Лејтнер. Главните улоги ги играат: Бруно Ганц, Симон Морзе, Јоханес Криш и Ема Дрогунова.
Синопсис
[уреди | уреди извор]Франц Хухел (го игра Морзе) е младо момче кое живее со својата мајка во мало планинско место. Еден ден, тој оди во Виена, каде се вработува во трафиката на Ото Тршњек (го игра Криш). Во трафиката често купува Зигмунд Фројд (го игра Ганц) и наскоро Франц се пријателува со него. По наговор на Фројд, тој почнува да ги запишува своите сонови. Истовремено, тој се вљубува во убавата Ањешка (ја игра Догунова), но наскоро открива дека таа работи како стриптизета во ноќен клуб. Меѓутоа, наскоро работите се менуваат, откако Австрија е анектирана од Третиот рајх. Тогаш, околината почнува да се однесува непријателски кон Тршњак, зашто тој е Евреин, а полицијата почнува почесто да навраќа во трафиката. Најпосле, еден ден, Тршњак е уапсен. Франц се обидува да стапи во контакт со него во седиштето на Гестапо, но без успех. Франц редовно се дружи со Фројд и записите на своиет сонови ги лепи на излогот од трафиката. Кога Фројд заминува во емиграција, Франц одлучува да му се спротивстави на нацистичкиот режим: тој ги зема панталоните на Ото и ги закачува на јарболот пред седиштето на Гестапо, поради што утредента е уапсен.[1]