Трансцеденција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во религијата, трансцеденција се однесува на аспект на природата и моќта на Бог кои се целосно независни од материјалниот универзум, над сите физички закони. Ова е во контраст со иманентноста, каде бог е целосно присутен во физичкиот свет и на тој начин достапен за суштествата на различни начини. Во религиозното искуство трансцеденција е состојба на постоење која ги надминува ограничувањата на физичкото постоење и според некои дефиниции исто така, станува независна од него.