Трамвајски превоз во Дубровник
| Трамваj во Дубровник | |
|---|---|
Трамвајот во Дубровник во 1968 година | |
| Општо | |
| Место | Дубровник, Хрватска |
| Тип на превоз | Трамвај |
| Сообраќање | |
| Почнал | 22 декември 1910 |
| Прекинал | 20 март 1970 |
Трамвајскиот превоз во Дубровник претставувал вид јавен транзитен систем што функционирал во хрватскиот град Дубровник од 1910 до 1970 година.
Сообраќајната релација Пиле - Груж (која не била составен дел од Дубровник во времето кога бил пуштен во употреба) како и Пиле - Лапад, која подоцна била изградена во 1928 година.
Историја
[уреди | уреди извор]
Со изградбата на теснолиниската железница Брод – Босански Брод – Добој – Сараево и Сараево – Метковиќ (Плоче), како и на железницата Габела – Зеленика (со крак до Дубровник), градот Дубровник добил значење во тогашното Австроунгарско Царство.
Изградбата на железницата ја инспирирала и идејата за поврзување на Груж и Пиле, а со оглед на тоа што Груж во тоа време бил пристаниште, но и предградие на градот.
Првиот предуслов за реализација на оваа идеја била изградбата и почетокот на работата на електраната во Дубровник на 1 јуни 1901 година, а во 1905 година бил формиран Комитетот за изградба на електричен трамвај.
Изградбата била завршена (за тоа време) во рекордно време од 48 работни дена. Ширината била 760 мм. Пет моторни возила (броени од 1 до 5), три затворени приколки (броени од 21, 22 и 23), куќиште за тркала и сет тркала биле купени од компанијата „Grazer Wagonen und Maschinenfabrik“ во Грац.[1]
Договорот меѓу Општината и Дубровничка електрична железница го потпишал во име на Општината д-р Иво Дегиули и д-р Мато Грациќ, а во име на ДЕЖ претставниците Луко Бона и Мато Шариќ. Договорот бил одобрен од Општинскиот совет на 16 март 1913 година, а документот бил заверен од Далматинскиот регионален комитет во Задар на 1 август 1913 година.
Првиот трамвај започнал со работа на 22 декември 1910 година со две линии од кои првата помеѓу градските порти кај (Пиле) и блиското пристаниште Груж и се проширил во текот на својот век со продолжување на оригиналната линија до железничката станица во Дубровник и втора линија до Лапад.
Несреќа во 1970 година и конечно затворање
[уреди | уреди извор]Во сабота во раните утрински часови околу 9 часот наутро на 7 март 1970 година, се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи со дубровничкиот трамвај што се случиле во последните 60 години откако ова превозно средство се појавило на хрватските градски улици.
Трамвајот број 5, кој возел на релацијата Пиле - Лапад, со голема брзина се спуштил по улицата Маршал Тито до последната трамвајска станица, каде што скокнал од шините и летнал на 27м од едната на другата страна на патот со што ја урнал оградата и се урнал од висина од 4 метри во градскиот парк директно на влезот низ ѕидините во стариот дел на градот. Во несреќата едно лице загинало, додека други биле тешко повредени.
Советот за национална одбрана и Советот за урбанистичко планирање и комунални работи на Општинското собрание на Дубровник донело резолуција за укинување на трамвајскиот сообраќај во Дубровник, која била донесена во 1910 година.
Заклучокот на двата совети почнал да се спроведува со прекинување на трамвајскиот сообраќај и подигнување на трамвајските пруги на трасата од Бониново до Пиле. На 20 април во 12 часот, трамвајскиот сообраќај бил официјално прекинат.
Точно во 12 часот напладне, сите трамвајски вагони им биле наредени на станицата Лапад, а оттаму, во придружба на граѓаните и сите активни и пензионирани вработени во компанијата тргнале на нивното последно кратко возење до депото.
Последниот целосен ден на трамвајска услуга бил во петок, 20 март 1970 година, а веќе следното утро, на 21 март, на сите им биле дадени бесплатни возења како последно збогување со старите трамвајски вагони, од кои неколку биле оригиналите од 1910 година.
Големи толпи, претежно локални жители, ја искористија својата последна шанса да се возат со трамваите кои вршеле посебна линија помеѓу Лапад и железничката станица во Груз.
Напладне се формирала разгранета поворка од 9 преостанати возила на системот, кои едно по едно влегле во депото за последен пат, кое ги затворило своите порти без церемонија во 12:30 часот. Тоа бил крајот на трамваите во Дубровник.[2][3]
Патниот транспорт во градот сега се одвива исклучиво со автобуси. Трамваите превезле околу 100 милиони патници во текот на нивното шест децениско постоење.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Реставрираниот трамвај во Дубровник изложен во Загбрескиот технички музеј
- Трамвајот во Дубровник во 1968 година
- Трамвајот во Дубровник додека бил во функција
- Трамвај на почетокот на својата услуга, 1910 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dobrodošli u Dubrovnik, zima 2010./11., 100 godina dubrovačkog tramvaja, TZ grada Dubrovnika, 2009., ISSN 1334-160X, str. 17.
- ↑ „Rastanak S Tramvajem“. Inet.hr. Посетено на 27 July 2025.
- ↑ „The Dubrovnik tram“. Lost in Dubrovnik. Посетено на 27 July 2025.