Точкаста мутација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Три типа на точкасти мутации.

Точкаста мутација е генетска мутација при која настанува замена на една нуклеотидна база, инсерција или делеција во ДНК или РНК секвенцата во геномот на организмот. Точкастите мутации имаат различни ефекти врз протеинот кој се синтетизира—и кои можат да бидат предвидливи врз основа на спецификите на мутацијата. Овие ефекти може да варираат од добивање на истиот протеин (т.е. синонимни мутации) до штетни ефекти (т.е мутацијата на изместување од рамката), во поглед на продукцијата, составот и функцијата на протеинот.