Тото против четворица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тото против четворица (италијански: Totò contro i quattro) - италијански филм од 1963 година, во режија на Стено, а според сценариото на Бруно Корбучи и Џовани Грималди. Главните улоги ги играат: Тото, Пепино Де Филипо и Алдо Фабрици.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

На полицискиот инспектор Сарачино (го игра Тото) му го крадат автомобилот пред неговата куќа. Потоа, во канцеларијата доаѓа еден човек кој е убеден дека неговата жена и ветеринарот сакаат да го убијат.[2] Истовремено, друг човек пријавува дека некој го уценува. Тото оди во царинската служба каде строгиот царински службеник го казнува поради банален царински прекршок. Така, Сарачино е исправен пред неколку задачи. Кога дознава местото каде уценетиот човек треба да ги предаде парите, Тото оди во еден бутик, каде купува женска облека која му е потребна за да го реши случајот. Таму открива дека сопственик на бутикот е царинскиот службеник, а потоа дознава дека тој заработува многу пари. Тото го наведува царинскиот службеник на доверлив разговор кој го снима и така го уловува корумпираниот службеник. Потоа, Сарачино, преоблечен како проститутка, го решава случајот со уценувањето. Истовремено, еден свештеник ги убедува крадците да му го вратат автомобилот на Сарачино. Сарачино тргнува во потера по својот автомобил и предизвикува судар. Додека тој и свештеникот се возат во автомобилот, на Сарачино му се слошува и ја потпира главата на рамото на свештеникот. Таа сцена ја гледаат крадците, кои помислуваат дека свештеникот има љубовница и одлучуваат да не ги слушаат неговите совети, туку да продолжат да крадат.

Наводи[уреди | уреди извор]