Тост сендвич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тост
Тост сендвич со шунка и кашкавал

Тост[1] или тост-сендвич е сендвич направен со тенко парче салама или кашкавал поставено меѓу две тенки парчиња леб, премачкани со путер. Овој вид сендвич потекнува од Викторијанската ера. Рецептот е објавен во книгата од 1861 година, „Книга за водење домаќинство“ (Mrs Beeton's Book of Household Management) од Изабела Битон.[2] Според Кралското хемиско здружение, просечен тост сендвич содржи 330 калории.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во ноември 2011 година, тост-сендвичот бил повторно актуaлизиран во Велика Британија од страна на Кралското хемиско здружение, по речиси 150 години од првото објавување на рецептот.[3] Ова здружение се обидувало да ги оживее рецептите на оние јадења кои се евтини.[4] Тост сендвичот го нарекле „најевтиното јадење“, и дури понудиле 200 британски фунти за оној што ќе изнајде поевтино јадење.[5]

Тост сендвичот во многу ресторани се смета за дополнително јадење што се служи со главното јадење.[6][7] Објавено е дека тост сендвичот што се служи во ресторанот „Дебелата патка“ (The Fat Duck) во Беркшир, Англија, содржи: салата од коскена срж, сенф од жолчка, мајонез, и кечап.[8]

Во Македонија постојат разни варијанти на тост сендвич, а најчесто се служи со шунка и кашкавал. Други состојки кои се додаваат пред печење на тостот се: пилешко или друг вид месо, зеленчук, помфрит, печурки, а може да се најдат и благи варијанти.

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2014) (на македонски). Толковен речник на македонскиот јазик. VI. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 86. ISBN 978-608-220-029-3. 
  2. Lane, Megan (17 November 2011). „The toast sandwich and other hyper-cheap meals“. BBC News Magazine. 
  3. 3,0 3,1 Toast sandwich is UK's 'cheapest meal'“, „BBC News“, 16 ноември 2011.
  4. „RSC press release: Mrs Beeton's toast sandwich“. www.rsc.org. конс. 2015-11-02. 
  5. Fort, Matthew. „The toast sandwich: can you jazz it up?“. the Guardian. конс. 2015-11-28. 
  6. Dan Stock (17 September 2014). „The Fat Duck in Melbourne: Heston Blumenthal has ballot system for bookings“. News.com.au. конс. 2014-10-08. 
  7. Aaron Langmaid (31 March 2014). „Fat chance you'll get a table at Heston Blumenthal’s Fat Duck restaurant at Crown in Melbourne“. Herald Sun. конс. 2014-10-08. 
  8. Sarah Rogozen (31 December 2013). „Heston Blumenthal on Recreating Lewis Carroll's Mock Turtle Soup“. KCRW.