Прејди на содржината

Торинско-милански часослов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рождеството на Јован Крстител (горе) и Крштевањето на Исус долу, од "Ханд Г ", Торино

Торинско-милански часослов (или Миланско-торински часослов, Торински часослов итн.) – делумно уништен илуминиран ракопис, кој и покрај своето име не е строго часослов. Има исклучителен квалитет и важност, со многу заплеткана историја, како пред, така и по создавањето. Содржи неколку [минијатура (илуминиран ракопис)|минијатури]] од околу 1420 година кои му се припишани на уметникот познат како "Ханд Г" кој веројатно бил Јан ван Ајк, неговиот брат Хуберт ван Ајк, или уметник кој тесно поврзан со нив. Околу деценија подоцна Бартелеми д’Ајк можеби работел на некои од минијатурите. Од неколку делови од книгата, чуваниот во Торино бил уништен во пожар во 1904 година, но сепак постоја црно-бели фотографии.[1]

Работата на ракописот започнала околу 1380 или 1390 година, и во текот на скоро шеесет години биле вклучени мноштво уметници, помошници и покровители за време на можеби седум посебни кампањи на работа. Неговиот концепт и првите листови биле нарачани од висок член на францускиот двор чиј идентитет е изгубен и главно вклучувал француски уметници. Пред 1413 година бил во сопственост на Жан де Бери, од 1420 во сопственост на Јохан III, кој договарал најмногу фламански уметници.

Раните листови се високо декоративни и украсени и завршени во рамките на меѓународните готски традиции, со стилизирани позадини, но релативно рамна длабочина на полето. Страниците за кои се смета дека се составени од средината на 1410-тите години покажуваат посебна вештина во портретирањето на перспективата, особено оние што му се припишуваат на Ханд Г. [2]

  1. Walther & Wolf, 238
  2. Crawford, 14