Торинска катедрала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Торинска катедрала
Duomo di Torino
45°04′24″ СГШ; 7°41′08″ ИГД / 45.07332° СГШ; 7.685435° ИГД / 45.07332; 7.685435Координати: 45°04′24″ СГШ; 7°41′08″ ИГД / 45.07332° СГШ; 7.685435° ИГД / 45.07332; 7.685435
МестоТорино, Пиемонт
ЗемјаИталија
Вероисповедримокатолицизам
Порталduomoditorino.it
Историја
Осветена1505
Чувани моштиТоринско платно
Архитектура
Статускатедрала
Службен статусактивна
Архитект(и)Амедео де Франческо ди Сетињано
Стилренесанса и барок
Изградба1468-1470 (камбанарија)[1]
1491-1498
Физички особености
Кули1
Висина на кулата40 м[2]
Управа
АрхиепископијаТоринска
МитрополијаТоринска

Торинска катедрала (италијански: Duomo di Torino или Катедрала „Св. Јован Крстител“ (Cattedrale di San Giovanni Battista) — католичка катедрала во Торино, северна Италија и седиште на Торинската архиепископија..

Храмот е посветен на Свети Јован Крстител и изграден во 1491–98 г. веднаш до постарата камбанаријата од 1470 г. Кон градбата подоцна е придодадена и Капела на Светиот Плашт во која се чува истоименото Торинско платно; оваа изградена Гварино Гварини во 1668–94 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Лангобардска црква[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена врз темелите на некогашниот театар од римско време. Првично имало три храма, и тоа едниот на „Св. Спас“, другиот „Пресв. Богородица Домпненска“ и третиот и најважен — „Св. Јован Крстител“. Според некои извори, третоспоменатиот е осветен од Агилулф, лангобардски крал на северна Италија од 591 до 613 г.[3] Во оваа црква во 662 г. е убиен торинскиот војвода Гарибалд во освета на неговата вмешаност во убиството на кралот Годеперт.

Нова катедрала[уреди | уреди извор]

Овие три цркви се урнати во 1490-92 г. и на нивно место во 1491 г. е отпочната нова катедрала посветена на Јован Крстител. Храмот е изграден по проект на Амедео де Франческо ди Сетињано (наречен и Мео дел Каприно), кој го завршил за седум години. Единствената останата градба од стариот комплекс била камбанаријата изградена во 1469 г. која стои и денес. Во 1515 г. папата Лав X официјално ја прогласил катедралата за митрополија. Подоцна, во XVII век се извршени извесни измени под водство на Филипо Јувара.

Проширување[уреди | уреди извор]

Зафатот за проширување на катедралата имал за цел да го вдоми Торинското платно во подостојна просторија. Отпочнат е во 1649 г. со доаѓањето на Бернардино Квадри од Рим за да служи на дворот на савојскиот војвода Карло Емануил II. Во својот нацрт, Квадри се надоврзал на претходната замисла на Карло ди Кастеламонте, со овална капела зад певницата. Во 1667 г. Гварино Гварини е поканет да го доврши зафатот. Куполата, се градела цели 28 години поради одложувања, за на крај да биде завршена во 1694 г. под надзор на Марија Јована Савојска, вдовицата на Карло Емануил II.

Погребани во катедралата[уреди | уреди извор]

  • Блажен Пјер Џорџо Фрасати (1901 – 1925) — торински духовен општественик, истакнат спортист и добротвор на сиромавите, наречен „светец на младината на III милениум“. Прогласен е за блажен од папата Јован Павле II во 1990 г.
  • Џани Ањели (1921 - 2003) — стопанственик, еден од сопствениците на автомобилското претпријатие „Фиат
  • Лучана Фрасати Гавроњска (1902 - 2007) — писателка и духовен општественик
  • Андреја Пининфарина (1957 - 2008) — инженер, раководител на каросеристичкото претпријатие „Пининфарина“

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Il campanile (The bell tower)“. duomoditorino.it. 
  2. „Bell tower of the Cathedral“. Roman Catholic Archdiocese of Turin. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. 
  3. Giuseppe Colli. Storia di Torino, il Punto, Turin, 2002

Надворешни врски[уреди | уреди извор]