Топ (шах)
Топ (♖, ♜) — шаховска фигура. Топот може да се движи неограничен број полиња хоризонтално или вертикално без да прескокнува други фигури, и може да ја земе (зароби) противничката фигура што ќе му се најде на патот. Тој е една од фигурите што учествува во рокада. Секој играч ја започнува партијата со два топа, поставени во аглите на неговата страна од таблата.
Топот во шахот
[уреди | уреди извор]Топот е тешка фигура, по вредност е приближно еднаков на 5 пешаци, а два топа се посилни од кралицата. Топот може да се движи на кој било број полиња хоризонтално или вертикално, под услов на неговиот пат да нема други фигури. Белите топови на почетокот на партијата ги заземаат полињата a1 и h1, а црните — a8 и h8.[1]
Иако топовите не учествуваат активно во отворањето, тие можат да учествуваат во рокада, по што во средишницата ги управуваат линиите (вертикалите) во позициската борба. Во завршницата, топовите често ги поддржуваат минливите пешаци и учествуваат во „отсекување“ на противничкиот крал од одреден дел на таблата. Со крал и топ може да се матира осамен крал. Топовските завршници се еден од најчесто среќаваните видови шаховски завршници.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Шахматные фигуры | Шахматы“. chessclass.ru. Архивирано од изворникот на 2015-12-25. Посетено на 2015-12-24.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Историја на топот (руски)