Топчести бактерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coxiella burnetii 01.JPG

Овие бактерии, помалку или повеќе, имаат правилна форма на топка. Се викаат коки, доаѓаат од грчкиот збор што значи зрно. Коките секогаш немаат правилна форма на топка. Можат да бидат во вид на бубрег, заострени на едниот или двата краја, можат да личат на пламен од свеќа и можат да бидат нешто издолжени. Ако се толку многу издолжени па надолжниот пречник им е двапати подолг од попречникот се викаат КОКОБАЦИЛИ.

Размножување[уреди | уреди извор]

Коките, како и другите бактериии со други форми се размножуваат така што се разделуваат на две еднакви клетки-ќерки. Тоа делење или цепење може да се врши по една линија на делење, по две линии на делења кои се сечат под агол од 90 степени или по многу линии на делења кои меѓусебно се сечат под многу агли. Ако коките се сечат по една линија на делење и по делењето на клетката-ќерка не останат заедно тие се викаат МИКРОКОКИ. Ако по делењето останат по две заедно се викаат ДИПЛОКОКИ, а ако останат повеќе заедно па така образуваат синџир се викаат СТРЕПТОКОКИ. Ако коките имаат повеќе линии на делење и по тие делења останат повеќе од нив заедно ќе образуваат збирови кои личат на гроздови. Таквите коки се викаат СТАФИЛОКОКИ. Коките кои имаат две линии на делење и по делењето остануваат по четири заедно се викаат ТЕТРАДИ или ГАФКИА. Додека пак ако коките имаат три линии на делење и по тие делења останат заедно во пакети по осум коки се викаат САРЦИНИ, но таквите коки се ретки.