Топот беше жежок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Топот беше жежок (српски: Топ је био врео) - роман на српскиот писател Владимир Кецмановиќ, првобитно објавен во 2008 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот се состои од 12 дела:

  1. Едно српско семејство во Сараево одлучува повеќе да не се крие во подрумот, туку да живее во својот стан. Четвртиот ден, изутрината, во станот паѓа граната.[1]
  2. Зашеметен од експлозијата, детето оди во дневната соба, каде ги наоѓа распарчените тела на своите родители. Во станот доаѓаат соседите Тиџа и Хасан, кои го земаат детето кај себе. Набргу пристигнува лекарот кој утврдува дека детето има повреди од детонацијата.[2]
  3. Родителите ги закопуваат во блискиот парк, детето се враќа во својот дом, но Тиџа и Хасан повторно го засолнуваат кај себе.[3]
  4. Детето ја користи секоја можност да се врати во станот, а исто така, тоа не може да зборува. Еден ден, пристигнува пакет од неговата тетка од Белград, која сака да го земе кај себе.[4]
  5. Кога пристигнува зимата, станот го одземаат босанските борци и во него се вселува една жена. Тиџа се обидува да му помогне на детето, но без успех. Детето почнува сè почесто да излегува надвор од зградата.[5]
  6. Еден ден, детето го среќава својот школски другар Амер, чиј брат е еден од босанските борци. Таму, детето дознава за злосторствата кои ги прават тие: шверцот, силувањето и одземањето станови. Тогаш, за првпат во животот, детето се опива.[6]
  7. Дружејќи се со Амир, детето почнува да пуши и да пие. Во текот на зимата владее глад, а населението почнува да ги пали книгите и покуќнината за да се згрее. Тиџа повторно го моли својот роднина-полицаец да го евакуира детето во Белград.[7]
  8. Полека минува пролетта, детето редовно се дружи со Амир, во зградата нема вода, доаѓа летото...[8]
  9. Едно утро, Кенан излегува пред зградата каде е убиен од снајпер. Потресената Тиџа не може повеќе да го трпи присуството на детето и тој го напушта нејзиниот стан, а соседот Никола го прибира кај себе, каде веќе го крие момчето Милан.[9]
  10. Во текот на есента, детето продолжува да се дружи со Амер, а истовремено се грижи за сопругата на Никола, зашто тој е мобилизиран на присилна работа. Сепак, по некое време, Никола е ослободен поради лошата здравствена состојба, а нему му помагаат сосетката Мунавера и Амер.[10]
  11. По смртта на мајка ѝ, Мунавера заминува во Турција; како непосреден сведок на воените злосторства, Никола се наоѓа во тешка психичка состојба; а односите меѓу Хрватите и Бошњаците се заоструваат. Една ноќ, во станот насилно влегуваат босанските војници кои го убиваат Никола и го колат Милан, а потоа ја силуваат сопругата на Никола. Тогаш, детето бега низ прозорецот и така се спасува.[11]
  12. Ноќта, детето ја преминува реката и оди во штабот на српската војска. Таму го среќава соседот Зека, кој го испраќа кај своите родители. Патем, детето проговара и бара да оди на борбената линија, каде почнува да го гранатира градот.[12]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

Романот „Топот беше жежок“ наишол на позитивни критики и се закитил со две значајни книжевни награди: „Борислав Пекиќ“ и „Меша Селимовиќ“, а влегол во најтесниот избор за НИН-овата награда за роман на годината. Според Слободан Владушиќ, „Топот беше жежок“ е „без сомнени најхрабриот српски роман на XXI век“, а Александар Јерков го оценил како „најтешкиот поетички погодок на српската книжевност“.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 5-26.
  2. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 27-43.
  3. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 45-57.
  4. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 59-77.
  5. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 79-103.
  6. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 105-138.
  7. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 139-165.
  8. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 167-179.
  9. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 181-205.
  10. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 207-229.
  11. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 231-255.
  12. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014, стр. 257-283.
  13. Vladimir Kecmanović, Top je bio vreo (šesto izdanje). Beograd: Laguna, 2014.