Прејди на содржината

Тонтон Макут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тонтон Макут
Податоци за органот
Основан 1959 (1959)
Претходници Cagoulards
Milice Civile
Укинат 1986 (1986)
Надлежност Хаити
Седиште Порт о Пренс
Раководители Клемен Барбо
Лакнер Камброн
Роже Лафонан

Тонтон Макут (хаитски: Tonton Makout)[1][2][3] само Макут[4][5] ― тајна полиција и лична милиција на хаитскиот диктатор Франсоа „Папа Док“ Дувалие, организирани во форма на паравоени единици кои го поддржувале неговиот режим. Макут биле основани во 1959 година по неуспешниот државен удар против Дувалие постариот. Во 1970 година, милицијата била преименувана во Волонтери за национална безбедност (Volontaires de la Sécurité Nationale VSN).[6] Хаиќаните оваа единица ја крстиле по лик од хаитската митологија, кој ги киднапира и казнува непослушните деца така што ги става во вреќа (macoute) пред да ги изеде за појадок.[7][8]

Историја[уреди | уреди извор]

По обидот за државен удар на Хаити (јули 1958 година) против претседателот Франсоа Дувалие, тој направил чистка во армијата и во организациите задолжени за спроведување на законот на Хаити и егзекутирал многу офицери бидејќи ги сметал за закана за неговиот режим. За да се спротивстави заканата, тој создал паравојска. Во 1959 година, била наречена Cagoulards („Мажи со качулка“).[9][10] Потоа биле преименувани во Milice Civile (Цивилна милиција), а од 1962 година, Volontaires de la Sécurité Nationale ( Волонтери за националната безбедност, или VSN).[9][11] Откако без очигледна причина почнале да исчезнуваат луѓе, народот на Хаити почнал да ги нарекува Тонтон Макут.[12]

Дувалие, за да ја потисне политичката опозиција, го овластил Тонтон Макут да врши систематско насилство и кршење на човековите права. Тонтон Макут убиле од 30.000 до 60.000 Хаиќани.[13]

Во текот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите на чело на Тонтон Макут бил Лакнер Камброн. Поради неговата суровост го добил прекарот „Вампир од Карибите“. Прекарот делумно се должи на тоа што преку неговата компанија „Хемокарибиан“ изнудувал крвна плазма од месното население наменета за продажба (5 тони месечно) во американски лаборатории. Тој на медицинските факултети во САД продавал трупови кои претходно ги купувал од болниците во Хаити за 3 долари по труп. Ако во болниците немало доволно трупови, биле користени погребалните домови.[14] Во 1971 година, претседателот Дувалие починал[15] а неговата сопруга и неговиот син Жан-Клод „Бејби Док“ Дивалие наредиле Камброн да се протера од државата. Камброн се преселил во Мајами, каде што живеел до неговата смрт во 2006 година.[16]

Членовите од Тонтон Макут биле насекаде на гласачките места на претседателскиот референдум во 1961 година, на кој Дувалие добил нов мандат. По официјалното пребројување на гласовите бил избран за претседател со резултат 1 320 748 наспроти 0 за противникот.[17] Тие повторно биле присутни на гласачките места во 1964 година, кога Дувалие одржал уставен референдум со кој бил прогласен за доживотен претседател. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Taylor, Patrick (1992). „Anthropology and Theology in Pursuit of Justice“. Callaloo. 15 (3): 811–823. doi:10.2307/2932023. ISSN 0161-2492. JSTOR 2932023. After François Duvalier was elected president with popular support in 1957, he created his own security force because he did not trust the army. (Its popular name, tonton makout, is taken from a tale about an uncle who carries off children in a bag on his shoulder.)
  2. Bernat, J. Christopher (1999). „Children and the Politics of Violence in Haitian Context: Statist violence, scarcity and street child agency in Port-au-Prince“ (PDF). Critique of Anthropology. 19 (2): 121–122. CiteSeerX 10.1.1.623.758. doi:10.1177/0308275X9901900202. ISSN 0308-275X. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 December 2013. Assisted by contemporary factions of the notorious tonton makout – the rightist, army-supported civilian death squads – Cedras completed what would turn out to be the bloodiest coup d'etat in recent Haitian history.
  3. Fouron, Georges E. (2009). „2. Leaving Home § 4. 'I, Too, Want to Be a Big Man': The Making of a Haitian 'Boat People'. Во Okpewho, Isidore; Nzegwu, Nkiru (уред.). The New African Diaspora. Bloomington, Indiana: Indiana University Press. стр. 78. ISBN 978-0-253-35337-5. LCCN 2009005961. OCLC 503473672. OL 23165011M. The strength of his government was invested in a non-salaried paramilitary civilian militia known as the Tonton Makout (Uncle Knapsack). Staffed by informers, spies, bullies, neighbourhood bosses and extortionists, the Makout freely used extreme violence, terror, and intimidation to cow the population out of all illusions of destabilising the regime.
  4. Fass, Simon M. (1988). „Schooling“. Political Economy in Haiti: The Drama of Survival. New Brunswick, New Jersey: Transaction Publishers. стр. 250. ISBN 978-0-88738-158-4. LCCN 87-25532. OCLC 16804468. OL 4977156W. Посетено на 22 September 2015.
  5. Danticat, Edwidge (1994). Breath, Eyes, Memory (англиски и хаитски). 16. New York: Soho Press. ISBN 978-1-56947-142-5. LCCN 94-38568. OCLC 29254512. OL 1806978W. Посетено на 22 September 2015.
  6. „The Tonton Macoutes: The Central Nervous System of Haiti's Reign of Terror“. Council on Hemispheric Affairs. 11 March 2010. Архивирано од изворникот на 26 May 2015.
  7. Filan, Kenaz (2007). „1.2. The Roots of Haitian Vodou“. The Haitian Vodou Handbook: Protocols for Riding with the Lwa. Rochester, Vermont: Destiny Books. стр. 21. ISBN 978-1-59477-995-4. LCCN 2006028676. OCLC 748396065. OL 8992653W.
  8. Sprague, Jeb (2012). „1. A History of Political Violence against the Poor § The Blood-Soaked Record of the Duvaliers“. Paramilitarism and the Assault on Democracy in Haiti. New York: Monthly Review Press. стр. 33. ISBN 978-1-58367-303-4. LCCN 2012015221. OCLC 828494729. OL 16618213W.
  9. 9,0 9,1 Galván, Javier A. (2012). Latin American Dictators of the 20th Century: The Lives and Regimes of 15 Rulers. стр. 100. ISBN 978-1476600161. Посетено на 9 April 2017.
  10. Verner, Dorte, уред. (2007). Social Resilience and State Fragility in Haiti. стр. 68. ISBN 978-0821371886. Посетено на 9 April 2017.
  11. Dupuy, Alex (2006). The Prophet and Power: Jean-Bertrand Aristide, the International Community, and Haiti. стр. 35. ISBN 978-1461645368. Посетено на 9 April 2017.
  12. Constant, Isabelle; Mabana, Kahiudi C., уред. (2013). Antillanité, créolité, littérature-monde (француски). стр. 114. ISBN 978-1443846325. Посетено на 9 April 2017.
  13. Henley, Jon (14 January 2010). „Haiti: a long descent to hell“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 15 July 2015.
  14. Abbott, Elizabeth (2011-07-21). Haiti: A Shattered Nation (англиски). Harry N. Abrams. ISBN 978-1-59020-141-1.
  15. „Duvalier, 64, Dies in Haiti; Son, 19, Is New President“. The New York Times. 23 April 1971. Посетено на 5 October 2021.
  16. Charles, Jacqueline (26 September 2006). „Obituary: Luckner Cambronne“ (PDF). Miami Herald. Архивирано од изворникот на 11 July 2009.
  17. Abbott, Elizabeth (1991) [1st pub. 1988]. Haiti: The Duvaliers and Their Legacy (Rev. and updated. изд.). New York: Simon & Schuster. стр. 103. ISBN 978-0671686208. LCCN 90024770. OCLC 22767635. OL 1680900W.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]