Тони Хиберт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Хиберт
Лични податоци
Роден на 20 февруари 1981(1981-02-20)(43 г.)
Роден во Ливерпул, Англија
Држава Англија Англија
Висина 1.73 м
Играчки податоци
Позиција десен бек
Повлекување 2016 (35 г.)
Младинска кариера
1990-1998 Евертон Евертон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998-2016 Евертон Евертон 265 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 30 април 2016.
† Учества (Голови).

Ентони Џејмс „Тони“ Хиберт (роден на 20 февруари 1981 г.) — поранешен англиски фудбалер, играч од одбраната.

Во почетокот на кариерата играл како фудбалер од средниот ред, но се преориентирал како десен бек. Тој целата своја кариера ја поминал во екипата на Евертон, откако се приклучил во клубот во 1991 година. Првиот натпревар во дресот на Евертон, Хиберт го одиграл во 2001 година и во текот на својата кариера одиграл преку 300 натпревари за клубот во сите натпреварувања.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Хиберт е роден во Ливерпул во 1981 година, а израснал во Хајтон, Мерсисајд.

Тој стигнал во Евертон како момче на рана возраст. Бил дел од тимот кој го освоил младинскиот ФА куп во 1998 година, победувајќи го Блекбурн Роверс во финалето, а три години подоцна дебитирал за првиот тим на карамелите, во победата над Вест Хем Јунајтед со 2-0.

Тој никогаш неуспеал да постигне гол за Евертон во официјален натпревар, а кога во 2009 година Лојд Дојли постигнал гол за својот Вотфорд, Хиберт станал играчот со најдолга низа на одиграни натпревари без постигнат гол во Англија.

Вкупно во кариерата одиграл преку 300 натпревари за Евертон во сите натпреварувања без постигнат гол.

Титули[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]