Тони Наумовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 23 мај 1977
Сиднеј, Австралија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Ова не е американски филм
Панкот не е мртов
Run All Night
Занимање глумец

Тони Наумовски (англиски: Tony Naumovski, 23 мај 1977, Сиднеј, Австралија) е австралиски и американски глумец со македонско потекло. Тој работи во Њујорк, САД.

Биографија[уреди | уреди извор]

Наумовски е роден во Сиднеј. Својата актерска кариера ја започнал на 16 години, кога се зачленил во една локална македонска актерска група наречена „Талија“. Својата прва професионална улога ја одиграл во 1996 година, во претставата „Ромео и Јулија“ во Македонскиот национален театар во Битола.

Во 1996 година се запишал на Националната академија за театарски и филми уметности (НАТФИЗ), во Софија, во класата на Стефан Данаилов, а студиите ги завршил во 2000 година. Постдипломските студии ги завршил во 2003 година во Сиднеј. Исто така, Наумовски добил стипендија од институтот за театар и филм на Ли Стразберг.

Наумовски покрај мајчиниот македонски, зборува и англиски, српскохрватски, бугарски и руски. [1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Наумовски глумел во "Ова не е американски филм" на Сашо Павловски, каде ја играл улогата на Боксерот. Исто така, играл и во филмот "Медена ноќ" на Иво Трајков и во филмот "Панкот не е мртов" на Сашо Павловски. Во однос на театарската игра, Наумовски остварил улоги повеќе од 40 улоги, како на пример: "Еден лет над театарот во Косово", "Вдовицата Шејлок - Еврејката од Венеција", "Цар Едип" итн. За улогата на Диц, СС-офицер, во претставата "Sawbones and the Diamond Eater”, тој бил номиниран за наградата на Њујоршката фондација за иновативен театар, во категоријата "најдобра улога во драма".[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Официјална биографија
  2. ”Двајца Македонци номинирани за театарски награди во Њујорк”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]