Тони Коњановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Коњановски
Градоначалник на Општина Битола
На должноста
Стапил
10 ноември 2021
Претходник Наташа Петровска
Лични податоци
Роден(а) 28 јануари 1962
Битола, СР Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Установа Медицински факултет - Скопје
Професија лекар епидемиолог
Вероисповед Православен христијанин

Тони Коњановски (28 јануари 1962, Битола) — лекар епидемиолог и градоначалник на Општина Битола од 10 ноември 2021 година.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тони Коњановски е роден на 28 јануари 1962 година во Битола. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Медицински факултет почнал да студира во Белград, а завршил во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, каде што во 2000 година ја почнал својата специјализација по епидемиологија.

Својот професионален ангажман го започнал во ЈЗУ Здравствен дом во Ресен, каде од 1992 година, па сè до 2000 година работел како лекар во Службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Во периодот 1997-2000 година, Коњановски е именуван за прв човек на оваа служба. Од 2000 година се префрлил во тогашниот Завод за здравствена заштита, денес ЈЗУ „Центар за јавно здравје“. По специјализирањето, раководи со отсекот за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во составот на Одделението за епидемиологија во Битола.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сите раководители на Битола од 1944: Тони Коњановски ќе биде 5. по ред градоначалник на Битола, а 27. раководител на градот од ослободувањето“. BITOLA NEWS. 2 ноември 2021. Посетено на 11 декември 2021.
  2. „Градоначалник“. ОПШТИНА БИТОЛА. Посетено на 11 декември 2021.
Политички функции
Претходник
Наташа Петровска
Градоначалник на Општина Битола
2021–
Наследник
'