Тонганска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тонганската азбука е официјалната азбука за запишување на тонганскиот јазик. Азбуката и јазикот се официјални на територијата на островската држава Тонга, која се наоѓа во Океанија. Азбуката е заснована на латиницата и е составена од 16 букви, од кои едната е факауа или превртен апостроф. Азбуката има и еден диграф (ng) кој се смета за една буква, не две посебни[1]. Азбуката и правописот се стандардизирани во 1943 година и се замениле мисионерскиот правопис и азбука за тонганскиот јазик. Денес, тонганскиот правопис е фонетски, исто како македонскиот.

Азбука[уреди | уреди извор]

Големи букви
A E F H I K L M N NG O S T U V
Мали букви
a e f h i k l m n ng o s t u v

Тонганскиот правопис и македонската транскрипција[уреди | уреди извор]

Едно од правилата на тонганскиот јазик е дека две согласки не може да стојат една до друга, мора да има самогласка меѓу нив. Од другата страна пак дозволено е да се има повеќе самогласки една до друга во еден збор. Исто така, важно е да се напомене дека ниту еден тонгански збор не може да завршува на согласка.[2]

Акцентот во тонганскиот јазик најчесто паѓа на претпоследниот слог од зборот. Сепак има исклучок од ова правило. Првиот исклучок е ако има долга самогласка, тогаш акцентот паѓа на таа самогласка. Вториот исклучок е ако зборот пред него има определен член 'e' или 'he', тогаш акцентот е на последниот слог.[3]

Согласки[уреди | уреди извор]

Согласки
Буква Име МФА македонски еквивалент
Ff fa /f/ филм
Hh ha /h/ хотел
Kk ka /k/ кој
Ll la /l/ луле, лето
Ма ma /m/ мајка
Nn na /n/ нос
NGng nga /ŋ/ банка
Pp pa /p/ пет
Ss sa /s/ сок
Tt ta /t/ тој
Vv va /cv/ врата
fakau’a /ʔ/ нема (види белешка)

Белешки
  • Во зависност од контекстот, некаде гласот /k/ се изговара како слаба /g/.[4] До 1943 година 'ng' се пишувала како 'g', исто како во самоанскиот јазик.
  • Во средина на зборот гласот /l/ се изговара како мека /ɫ/.[5]
  • Гласот /p/ се изговара без призвук, и наликува меѓу /p/ и /b/.[6] До 1943 година 'p' се пишувала како 'b'.
  • Во зависност од контекстот, некаде гласот /t/ се изговара како слаба /d/.[7]
  • Факауа се користи за грлениот допирачки глас. Овој глас го нема во македонскиот, но се сретнува кај извикот за зачуденост „ох-ох“ или извикот потврдност „аха“ (почетниот грлен глас пред 'а') Факауа се користи пред самогласка или меѓу две самогласки. Кога гласот се користи на почетокот на зборот, тогаш има ефект на издолжување на изговорот.[8]
  • Во јазикот, до 1943 година, се користела и буквата 'j' за гласот „ч“, но двата гласа се споиле со /s/. Така, буквата 'ј' не се користи повеќе.

Самогласки[уреди | уреди извор]

Тонганскиот јазик има пет самогласки, кои имаат уште по три варијанти. Првата верзија на самогласките е чисти кратки самогласки. Втората верзија се долгите самогласки. Третата верзија се кратки самогласки пртходени од факауа. Четвртата вверзија е долги самогласки претходени од факауа. Должината на самогласките се бележи со надреден знак макрон (toloi), грлениот допирачки глас со факауа (fakau’a). Верзиите на самогласките не се сметаат за посебни букви во азбуката.[9]

Кратки самогласки
Буква Име МФА македонски еквивалент
Aa a /a/ авион
Ее е /e/ елен
Ii i /i/ ирис
Oo o /o/ овес
Uu u /u/ усни

Долги самогласки
Буква Име МФА македонски еквивалент
Āā ā /a:/ таа
Ēē ē /e:/ сее
Īī ī /i:/ конструкции
Ōō ō /o:/ координација
Ūū ū /u:/ нема - долга у.

Факауа со кратки самогласки
Буква Име МФА македонски еквивалент
‘A‘a ‘a /ʔa/ грлен допирачки глас проследен со кратко 'a'
‘Е‘е ‘е /ʔe/ грлен допирачки глас проследен со кратко 'e'
‘I‘i ‘i /ʔi/ грлен допирачки глас проследен со кратко 'i'
‘O‘o ‘o /ʔo/ грлен допирачки глас проследен со кратко 'o'
‘U‘u ‘u /ʔu/ грлен допирачки глас проследен со кратко 'u'

Факауа со долги самогласки
Буква Име МФА македонски еквивалент
‘Ā‘ā ‘ā /ʔa:/ грлен допирачки глас проследен со долго 'a'
‘Ē‘ē ‘ē /ʔe:/ грлен допирачки глас проследен со долго 'e'
‘Ī‘ī ‘ī /ʔi:/ грлен допирачки глас проследен со долго 'i'
‘Ō‘ō ‘ō /ʔo:/ грлен допирачки глас проследен со долго 'о'
‘Ū‘ū ‘ū /ʔu:/ грлен допирачки глас проследен со долго 'u'

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]