Томо Кутурец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Томо Кутурец е македонски партизан и деец на Народоослободителната војска на Македонија, подоцна политичар и дипломат од Социјалистичка Република Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во 1906 година во Крушево. Станал член на КПЈ во текот на 1935 година, а подоцна станал член на Месниот комитет на КПЈ за Крушево. Делегат е на второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ. Во текот на 1949 година станал советник во Министерството на внатрешни работи во Белград, а наредната година, советник во амбасадата на Југославија во Берн. Во периодот од 1951-1953 година е потпредседател на Народното собрание на Социјалистичка Република Македонија. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 780.