Прејди на содржината

Томислав Маниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томислав Маниќ
Роден 22 јануари 1932(1932-01-22)(94 г.)
Пирот,  Србија
Занимање пејач

Томислав Маниќ (Пирот, Србија, 22 јануари 1932 ) — македонски музичар, доајен на македонската забавна музика. Најпознат е по евергрините „Кажи зошто ме остави“ и „Црвени рози“.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Маниќ е роден во 1932 година во Пирот, Јужна Србија и како 18-годишник пристигнал во Скопје, во 1951 година со цел да студира историја. Неговиот талент за музика, но и за глума бил забележан уште во ученичките денови во родниот град, па продолжил да пее и како студент. Првата песна што ја снимил за Радио Скопје во 1956 година е „Индијана“ на Драган Ѓаконовски - Шпато. Има богата дискографија со снимени 524 песни, со што се вбројува меѓу најпродуктивните наши пејачи. Во последно време е ангажиран и со пишувањето книга за својот богат живот, која, како што ни открива, ќе се вика „Живот посветен на музиката“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]