Прејди на содржината

Томислав

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томислав
Статуа на крал Томислав од Роберт Франгеш-Михановиќ, Загреб, Хрватска
Крал на Хрватска
На престолок. 925–928
НаследникТрпимир II
Кнез на Хрватска
На престолок. 910–925
ПретходникМунцимир
ДинастијаТрпимировиќ
ТаткоМунцимир (?)
Вероисповедхристијанство

Томислав бил првиот крал на Хрватска. Станал кнез ок. 910 и бил крунисан за крал во 925, а владеел до 928. За време на владеењето на Томислав, Хрватска склучила сојуз со Византија против Бугарија. Војната со Бугарија кулминирала со одлучна победа во битката на босанските висорамнини во 926. На север, Хрватска често се судирала со Унгарското кнежевство; сепак државата ги задржала своите граници, и до одреден степен, успеала да се прошири во Долна Панонија.