Томирис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
"Томирис ставајќи ја главата на мртвиот Кир во сад со крв" од Рубенс.

Томирис (/ˈтмɪрɪs//ˈtmrɪs/; од источно ирански: تهمرییش Tahm-Rayiš),[1] исто така позната и како Томрис, Томирид или кралицата Томири — масагетска владетелка која царувала над Масагетите, ирански народ од скитската пастирско-номадска конфедерација на Централна Азија источно од Каспиското Езеро, во делови од денешен Туркменистан, Авганистан, западен Узбекистан и јужен Казахстан.[2][3][4][5] Томирис ги водела нејзините војски при одбраната од напад од страна на Кир Велики од Ахеменидската империја и го поразила и убила во 530 година п.н.е. (иако ова е дискутабилно бидејќи Херодот споменува дека тоа е само една од многуте приказни кои се однесуваат на смртта на Кир Велики).

Томирис е спомената од страна на неколку антички автори, меѓу кои прв е Херодот. Таа е исто така спомената од страна на Страбон, Полијен, Касиодор, и Јорданес.

Историја[уреди | уреди извор]

Матија Прети, Томирис добивајќи ја главата на Кир, 1670-72 година.

Името на Томирис и на нејзиниот син Спаргапис, кој беше генерал во нејзината армија, се од иранско потекло.[1] Бидејќи историчарите кои први напишале за неа биле грци, грчката форма на нејзиното име се користи најчесто.

Многу грчки историчари запишале дека таа го "порази и уби" персискиот владетел Кир Велики, основачот на Ахеменисдката империја, за време на неговата инвазија и обид за освојување на нејзината земја. Херодот, кој живеел од околу 484 до 425 година п.н.е., бил првиот од класичните писатели кои пишувале за нејзината кариера, пишувајќи скоро сто години подоцна. Нејзината историја била добро позната и станала легендарна. Страбон, Полијен, Касиодор и Јорданес исто така напишале за неа во De origine actibusque Getarum ("Потеклото и делата на Готите/Гетите").[6]

Според грчките историчари, Кир беше победник во неговиот првичен напад на Масагетите. Неговите советници предложиле поставување на стапица за заробување на Скитите: Персијците оставиле зад нив навидум напуштен камп, кој содржел големо количество на вино. Пастирските Скити не биле навикнати на виното—"нивниот омилен интоксикант бил хашиш со ферментирано млеко од кобила"[7]—и се опиле (со алкохолот намерно оставен од Кир). Персијците нападнале додека нивните противници биле изнемоштени, победувајќи ги масагетските сили и заробувајќи го синот на Томирис, Спаргапис, генералот на нејзината војска. Од третината од масагетските сили кои се бореле, имало повеќе заробени отколку убиени. Според Херодот, Спаргапис го убеди Кир да ги отстрани неговите окови, на тој начин овозможувајќи му да изврши самоубиство додека бил во персиско заробеништво.[8]

Томирис испрати порака до Кир осудувајќи го неговото предавство и со сите нејзини сили го предизвика на втора битка. Во борбата што следувала, Масагетите победиле и Персијанците биле горко поразени, со голем број на жртви. Според Херодот, Кир беше убиен и Томирис го обезглави и потоа го распна неговиот труп[9] и ја стави неговата глава во сад исполнет со човечка крв. Таа наводно рече, "Те предупредив дека ќе ја задоволам твојата жед за крв и така и ќе направам"[10][11] (Hdt 1.214).[8] Ксенофон, од друга страна, вели дека Кир починал мирно во својот кревет[12] и голем број други извори наведуваат различни причини за неговата смрт.

Наследство[уреди | уреди извор]

Томирис, од Кастагно, 15-ти век.

Есташ Дешан ја додаде Томирис во неговата поезија како една од деветтте Достоинствени жени во доцниот 14-ти век.

Во најраната игра на Шекспир, Кралот Хенри VI (Прв дел), грофицата од Оверн додека го чека пристигнувањето на баронот Толбот ги кажува следниве зборови (Акт II, Sc.iii):

Заплетот е поставен: ако сите нешта испаднат како што треба,

Јас ќе бидам толку позната по овој подвиг

Колку што скитската Томирис е по смртта на Кир.[13]

Шекспирската референца на Томирис како "Кралица на Скитите' наместо вообичаената грчка титула 'Кралица на Масагетите' укажува на две можни извори, "Скратениот Помпеј Трог" од Марк Јуниан Јустин[14] на латински или преводот на Артур Голдинг (1564).[15]

Историјата на Томирис била инкорпорирана во традицијата на западната уметност; Рубенс,[16] Алегрини,[17] Лука Ферари,[18] Матија Прети, Гистав Моро и скулпторот Северо Калзета де Равена[19] се меѓу многуте уметници кои ги прикажале настаните од животот на Томирис и нејзиниот пораз на Кир и неговите војски. Таа е една од темите групирани под топосот Моќта на жените од историчарите на уметноста.

Името "Томирис" исто така се користи во зоолошката taxonomy, за томириската вид-група на пеперуги од Централна Азија.[20]

590 Томирис е име дадено на една од малите планети.

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

Името Томрис или Томарис стана многу популарно во Централна Азија и Турција во 20-от и 21-от век. To'marisning Ko'zlari (Очите на Томирис) е збирка на песни и приказни од 1984 година од узбечкиот автор Хуршид Даврон. To'marisning Aytgani (Изреките на Томирис) е збирка на поезија од 1996 година од узбечкиот поет Халима Худојбердиева.

Казахстанското филмско студио "Kazakhfilm" снима филм наречен "Томирис".[21]

Томирис ја води скитската цивилизација во 4X видео играта Цивилизација VI креирана од страна на Firaxis Games во 2016 година.[22][23]

Фусноти[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 For the etymology see: F. Altheim und R. Stiehl, Geschichte Mittelasiens im Altertum (Berlin, 1970), pp. 127–8
  2. Karasulas, Antony. Mounted Archers Of The Steppe 600 BC-AD 1300 (Elite). Osprey Publishing, 2004, 978-1-84176-809-0, p. 7.
  3. Wilcox, Peter. Rome's Enemies: Parthians and Sassanids. Osprey Publishing, 1986, 0-85045-688-6, p. 9.
  4. Gershevitch, Ilya. The Cambridge History of Iran (Volume II). Cambridge University Press, 1985, 0-521-20091-1, p. 48.
  5. Grousset, René. The Empire of the Steppes. Rutgers University Press, 1989, 0-8135-1304-9, p. 547.
  6. „The Origin And Deeds Of The Goths“. ucalgary.ca. 22 април 1997. https://www.ucalgary.ca/~vandersp/Courses/texts/jordgeti.html. посет. 14 мај 2010 г. 
  7. Mayor, Adrienne. Greek Fire, Poison Arrows, and Scorpion Bombs: Biological and Chemical Warfare in the Ancient World. New York, Overlook Duckworth, 2003; p. 158.
  8. 8,0 8,1 Halsall, Paul (август 1998). „Herodotus: Queen Tomyris of the Massagetai and the Defeat of the Persians under Cyrus“. Internet Ancient History Sourcebook. http://www.fordham.edu/halsall/ancient/tomyris.html. посет. 14 мај 2010 г. 
  9. Mayor, pp. 157–9.
  10. Herodotus Book One (205)-(214)
  11. „More Women Rulers“. Women in World History Curriculum. 1996–2010. http://www.womeninworldhistory.com/rulers-more.html. посет. 14 мај 2010 г. 
  12. Xenophon, Cyropaedia VII. 7; M.A. Dandamaev, "Cyrus II", in Encyclopaedia Iranica, p. 250. See also H. Sancisi-Weerdenburg "Cyropaedia", in Encyclopaedia Iranica, on the reliability of Xenophon's account.
  13. Shakespeare, Henry VI, part I., act II, sc.iii http://shakespeare.mit.edu/1henryvi/full.html
  14. https://archive.org/stream/iustinihistoria00unkngoog#page/
  15. The Reader's Companion to The Death of Shakespeare By Jon Benson https://books.google.de/books?id=ekygCwAAQBAJ&pg
  16. „Питер Пауэль Рубенс (Peter Paul Rubens). Queen Tomyris before the Head of Cyrus. Масло на холсте. The Museum of Fine Arts, Boston, MA, USA“. staratel.com (Russian). 2006. http://www.staratel.com/pictures/rubens/pic127.htm. посет. 14 мај 2010 г. 
  17. „Francesco Allegrini, attrib. to Italian, 1587 – 1663, Tomyris and Cyrus, 17th century“. Fine Arts Museums of San Francisco. 2006. http://search3.famsf.org:8080/view.shtml?keywords=%41%6E%6E&artist=&country=&period=&sort=&start=61&position=67&record=58085. посет. 14 мај 2010 г. 
  18. „Queen Tomyris with the head of Cyrus the Great by Ferrari, Luca (1605–54)“. Bridgeman Art Library. http://www.bridgemanart.com/image/Ferrari-Luca-1605-54/Queen-Tomyris-with-the-head-of-Cyrus-the-Great/278a5c83363f42b787cebe6e53d72c18?key=Tomyris%20Luca%20Ferrari&filter=CBPOIHV&thumb=x150&num=15&page=1. посет. 14 мај 2010 г. 
  19. „The Frick Collection“. collections.frick.org. 1998–2005. http://collections.frick.org/Obj555$7985. посет. 14 мај 2010 г. [мртва врска]
  20. „Butterflies and Moths of the World“. Natural History Museum Website. http://www.nhm.ac.uk/our-science/data/butmoth/search/GenusDetails.dsml?NUMBER=29417.0. посет. 22 септември 2016 г. 
  21. https://tengrinews.kz/cinema/akan-sataev-raskryil-imya-aktrisyi-kotoraya-337828/
  22. „Civilization VI: Tomyris Leads Scythia“. Official Civilization Website. 9 август 2016. https://civilization.com/news/entries/civilization-vi-tomyris-leads-scythia. посет. 27 август 2016 г. 
  23. „Tomyris of the Scythians will slake your thirst for blood in ‘Civilization VI’“. Digital Trends. 9 август 2016. http://www.digitaltrends.com/gaming/scythians-civ-vi-reveal/. посет. 24 август 2016 г. 

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Orosius, Historiae adversus paganos II.7
  • Justtinus, Epitome Historiarum philippicarum Pompei Trogi I.8

Надворешни врски[уреди | уреди извор]