Томе Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Стефановски
Роден 1919 година
Црешево, Скопје, Македонија
Починал 7 септември, 1944 година
Горно Оризари, Велешко, Македонија

Томе Милчев Стефановски ( 1919во Црешево, Скопско7 септември 1944 во Горно Оризари, Велешко) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, првин започнал да учи лимарски, а подоцна изучил и столарски занает. Во 1937-1938 година било основано тамбурашкото музичко друштво Шар, во кое се собирала работничката младина. Од 1940 година друштвото организирало излети на Тасино чешмиче. Како организатор на овие манифестации бил фатен и притворен во затвор, каде бил задржан 27 дена.[1]

Окупација на Македонија[уреди | уреди извор]

По окупацијата, во почетокот друштвото уживало доверба, но кога била забележана неговата прогресивна дејност, полицијата почесто го праќала својот агент Цоцин, за да ја набљудува неговата работа. Бугарскиот фашистички окупатор ја открил неговата дејност и го осудил на затвор. Казната ја издржувал во Централниот затвор. По една година, на 28 август 1944 година, Третата македонска ударна бригада го ослободила заедно со другите затвореници. Веднаш и се вклучил во борбата и извршувањето на воените задачи. На 7 септември 1944 година бил на мртва стража кај селото Оризари - Велешко. Преморен од долгиот марш не ја забележа германската патрола и загинал од непријателски куршум.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 133. На |first= му недостасува |last= (help)