Томе Грчев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Томе Грчев (1941 во Струмица) — македонски хемичар и универзитетски професор.

Во 1965 година дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, магистрира на Технолошкиот факултет во Загреб, а во 1980 година докторира на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград. Од 1969 година предава на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а редовен професор е до 1991 година. Во 2006 година се пензионира.

Грчев е автор на научни трудови, технички иновации и истражувачки проекти. Тој истражува во следниве области: електрохемија, физичка хемија, корозија и заштита на металите, електроспроводливи полимери и композити.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Грчев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 409. Text "series " ignored (help)