Тома (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тома е биографско - драматичен филм од 2021 година, во режија на Драган Бјелогрлиќ и Зоран Лисинц, заснован на идеите на Бјелогрлиќ, Жељко Јоксимовиќ и Бане Обрадовиќ. Сценаристи се Зоран Лисинац, Никола Пејаковиќ, Бјелогрлиќ и Маја Тодоровиќ, а продуценти на филмот се Наташа Вишиќ, Горан Бјелогрлиќ, Драган Бјелогрлиќ, Јоксимовиќ и Владимир Лисинац. Музиката ја компонирал Жељко Јоксимовиќ.

Снимањето на филмот започнало летото во 2020 година и траело до април 2021 година. Снимен е на повеќе локации како во Ваљево, Белград, Авала, Перлез, Тара, Баранда, Панчево, Прибој, Пријепоље, Црна Гора, Долово, Зрењанин и Чикаго.

Главната улога ја толкува Милан Мариќ како Тома Здравковиќ, додека споредните улоги ги толкуваат Тамара Драгичевиќ, Петар Бенчина и Андрија Кузмановиќ. Премиерата на филмот била на 20 август 2021 година на Сараевски филмски фестивал, а потоа на 21 август 2021 година на Глумечкиот фестивал Филмски средби.[1] Филмот бил објавен на 16 септември 2021 година.

Акција[уреди | уреди извор]

Овој филм е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ (Милан Мариќ) кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговата љубов која го инспирирала да ги компонира некои од најголемите хитови, како и неговата врска со многу пријатели кои ги имал во уметничкиот живот во Југославија. Покрај животот на Тома, преку филмот ги следиме животите и на познатите уметници од тоа време - Зоран Радмиловиќ (Радомир Николиќ), Мајк Антиќ (Марко Јанкетиќ), Тозовац (Иван Зекиќ) итн.

Ова е биографска приказна за Тома Здравковиќ, човек кој го паметиме не само по неговите песни, туку и по еден голем боемски живот (по однесувањето и душата). Филмот следи две линии на акција - 1991 година, го следиме односот меѓу Тома и докторот кој ќе го започне лекувањето на Тома како и започнувањето на нивното пријателство. Втората линија го следи животот на Тома - од неговото детство во Печењевац, преку неговото запознавање со Силвана Арменулиќ (Тамара Драгичевиќ), кое е одлучувачко за неговата кариера, достигнувајќи незамислив врв на популарност но и допирање на дното на неговиот животот. Ова е приказна за душата.

За потребите на филмот е напишана и компонирана песната Полноќ. Александар Гајовиќ тврди дека за сценариото на филмот биле користени делови од неговата книга „За друштво во аголот“.[2]

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда Цар Константин (најдобра машка улога): Милан Мариќ
  • Награда царица Теодора (најдобра глумица): Тамара Драгичевиќ
  • Награда за најдобра епизодна машка улога: Андрија Кузмановиќ
  • Награда за најдобра епизодна женска улога: Сања Марковиќ

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]