Тома Костов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тома Костов
Toma Kostov.jpg
Роден 1925 година
Гостивар, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Срем
Националност Македонец

Тома Тодоров Костов ( 1925 во Гостивар1945 во Срем) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се доселил да живее во Скопје. Завршил основно училиште. Уште како млад му пристапи на напредното движење. Учествувал во борбата против окупаторот. Станал член на Комунистичката партија на Југославија. Организирал разни илегални акции и се истакнувал со својата решителност. Собирал материјална помош за партизаните. Работел меѓу младината за регрутирање на нови партизани. Во 14 македонска ударна бригада бил поставен за заменик на политичкиот комесар на чета. Учествувал во борбите на Бригадата за ослободвањето на некои краишта на Македонија. Потоа заминал во состав на друга единица за Срем, каде учествувал во големиот пробив на фронтот. Подоцна во една од жестоките битки против германскиот непријател, го даде својот млад живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 77–78. На |first= му недостасува |last= (help)